Среда, 08 Април 2015    PDF Печати Е-пошта
Византискиот историчар Никита Хонијат за Македонија и Македонците

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Никита Хонијат (1155 - 1217), познат уште како Никита Акоминат, бил еден од најдобрите византиски историчари. Со неговиот брат Михајло (исто така историчар), од родното место Хон во Фригија одат во Цариград, каде се стекнуваат со сестрано образование. Тоа ќе му овозможи на Никита блескава кариера во државната служба. Н. Хонијат во своето дело на неколку места ги користи термините Тракијци, Македонци и Тесалци, а притоа ги подразбира жителите на истоимените историско-географски области во почетокот на 13-ти век.

Н. Хинијат почнал да работи во време на владеењето на царот Манојло I Комнин и прекинал во време на узурпацијата на Андроник I Комнин. Подоцна со доаѓањето на власт на династијата на Ангелите 1185, Никита Хонијат брзо напредува, па во време на Третиот крстоносен поход 1189 бил управник на темата Филипопол. Царевите се менуваат, но сите му укажуваат доверба, за да на крај биде назначен за главен логотет. Го сменува дури Алексиј V Дука Мурзуфл 1204 година. Но, набрзо потоа го доживеал освојувањето на Цариград од крсташите. Се спасил со помош на венецијанските трговци и набрзо потоа оди во Никеја и му се придружува на царот Теодор Ласкарис. Н. Хонијат добил висока положба на дворот, каде и умира во 1217 година.

Во текот на својата служба напишал повеќе говори, едно теолошко дело со наслов „Ризница на православието“, песна по повод стапувањето во брак на Исак II Ангел со унгарска принцеза. Сепак едно од највредните дела е „Хроника“ во која го опфатил периодот на владеењето на династијата на Комнините и Ангелите, од 1118-та до 1204-та година. Се смета дека во Никеја, во последната деценија од својот живот, го дополнил ова дело со напишаните забелешки кои дотогаш ги собирал. Неговите дела откриваат дека се работи за талентиран високо образован реторичар и писател. Според неговите зборови, тој сакал да се надоврзе на делата на своите претходници кои ја прикажале византиската историја до владеењето на Алексеј I Комнин.

Како образован човек кој управувал со темата Филипопол, византиска военоадминистративна единица која ги опфаќа Северна Тракија, а чиј главен град бил Филипопол (Пловдив), Никита Хонијат добро ги разликувал Македонците, Тракијците и Тесалците. Тој во своето дело на неколку места ги користи овие термини, а притоа ги подразбира жителите на истоимените историско-географски области во почетокот на 13-ти век.

Неговото сфаќање на името Македонија и Македонци е двојно. Едно што претставува избледнето сфаќање за некогашната византиска тема Македонија во Тракија, која во неговото време повеќе не постоела, но и во смисла на укажување дека наведените области во антиката биле под македонска власт. А за другото мислење, Д-р Милан Бошкоски од Институтот за национална историја во Скопје, кој го следи континуитетот на имињата Македонија и Македонци во богатата средновековна изворна документација, ќе го забележи следното:

„Н. Хонијат има и друго мислење, според кое, Македонија ја подразбира во нејзините историско--географски граници, додека жителите на таа територија, во неговото време ги именува како Македонци. Имено, по распаѓањето на Византиското Царство под ударите на крстоносците на Четвртиот крстоносен поход во 1204-та година, меѓу крстоносните водачи настанала борба за поделба на завладеаните територии. Маркизот Бонифациј од Монферат се оженил со Марија, поранешната жена на византискиот цар Исак II Ангел (1185-1195) прв пат и втор пат (1203-1204), со што ги истакнал своите претензии за латински крал. По неуспехот на овој амбициозен план, тој успеал да се зацврсти во Солун и да ги прошири своите владенија на територијата од јужна Македонија и Грција.

Според кажувањето на византискиот историчар Н. Хонијат, маркизот Бонифациј Монфератски во пролетта 1204-та година, откако ја оставил сопругата и дел од војската во Солун, „самиот тој излезе и отиде во градовите кои се околу Серес и непосредно до Берската област, како и тие кои се простираат до Темпејската Долина во Тесалија. Кога ги освои неочекувано, тој реши да се упати и кон Лариса за да ја премине Елада и да го освои Пелопонез, сметајќи дека заграбеното е малку и стремејќи се да оди понатаму, благодарение на наивноста на Ромеите. Со него одеа и некои Ромеи, главно, благородници, кои со лаги и измами ги привлекуваа областите и го олеснуваа патот на првородениот син на Марија (зошто како порано Тракијците така сега Македонците и Тесалците, како и жителите на Елада, радосно го примаа него, облечен царски и придружуван од извици на поздрав.

Неспорно е дека во овој цитат, Никита Хонијат, под Тракијци, Македонци и Тесалци ги подразбира жителите на истоимените историско-географски области во почетокот на ХIII-от век, користејќи ги за нив (нему познатите) класични поими Тракија, Македонија и Тесалија. Притоа, тој ги издвојува “жителите на Елада“ за кои не нашол за потребно да го употреби за нив класичниот израз - Грци или Ахајци, туку по територијата ги нарекол само жители на Елада. Во прилог на ваквиот наш став оди и фактот дека за време на целото постоење на Византиската Империја, областа Тесалија, никогаш не била посебна административна единица, односно тема, додека византиските теми Тракија и Македонија одамна веќе не постоеле. Можно е авторот да ги имал предвид римските провинции Македонија, Тракија и Тесалија“.

Оттука, д-р М. Бошкоски ќе заклучи дека „Н. Хонијат, за означување на жителите околу Серес, Солун и Бер, го употребил античкиот термин Македонци, кој му бил познат од класичните автори за да ги означи жителите на таа област во своето време. Исправноста на ваквото толкување за употребениот термин Македонци, за жителите на споменатите обласги од страна на Н. Хонијат, го потврдуваат и други примери од неговата „Историја“. Опишувајќи ја Батката кај Димитрица на 7 ноември 1185-та годинапомеѓу норманската и византиската војска, за заробениот нормански војсководач Балдуин, Н. Ховијат ќе каже дека „бил многу горд од претходните победи над Ромеите и се споредувал со Александар Македонски и сметал дека извршил поголеми дела од него, за кусо време без да пролее крв“ – пишува д-р Бошковски во својата книга „Имињата на Македонија и Македонци во средновековните извори“ (Скопје, 2003).

Некои истражувачи кои ја оценуваат само информативната вредност на делото на Ховијат и го споредуваат со јасното излагање на Јован Кинам, предност му даваат на последниот историчар кој исто така ги следи истите лица и настани за кои дава голем број податоци. Меѓутоа Хонијат далеку го надминува Кинам во опишувањето на византиското општество, ликовите, атмосферата и разбирањето на настаните, што укажува дека неговите податоци се детални.

Ианку, во историското дело на византискиот историчар Јован Кинам, (1145 – 1230), кој бил секретар и доверлив пријател на византискиот цар Манојло I Комнин, името Македонија се споменува само еднаш, и тоа како епитет „македонска земја“. Опишувајќи го претстојниот воен поход на византискиот цар Манојло I Комнин против Србите во 1162-та година, Јован Кинам истакнува, „а царот тргна во македонската земја, во градот на Филип за да ги среди состојбите со Србија“.

Иако, ова е единственото спомнување на Македонија од страна на Јован Кинам, од овој како и други примери од овој период може да се каже дека термините Македонци, Македонија, македонски се` повеќе се наметнувале и во Византија како единствени имиња за народот, територијата и јазикот што се зборувал во областите на класична Македонија.

 

На прво место

News image

Македонија е вечна, а власта не е!

Македонија е вечна, а власта не е! Народот ќе ви врати на следните претседателски избори

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.