Петок, 15 Јануари 2010    PDF Печати Е-пошта
Празничен Василичарски традиционален дух во Гостиварско Зубовце
Зима во Зуборве, Гостиварско
Празничен Василичарски амбиент, Василичари од рано наутро, уште пред зорите, така осамнува во гостиварско Зубовце. Раздвижено и весело. Селото се буди со песна, со чукање на врата, со честитки и желби за добра среќа, здравје и бериќетна година. Сите прославуваат, и тоа трае со традиција, се предава од прадедо на внук. Василичарите секоја година почнуваат со посета на домовите и шетање по селото на  13 после полноќ, спрема 14. Јануари, и тоа се до раните утрински часови и во наредниот ден. Утрото прво одат најмалите- дечињата во групи од куќа на куќа, пеат василичарски песни и се дарувани од домаќините со колбаси, јајца, пари и кој што се спремил со дарови, но вообичаено даровите се василичарски- храна и пари. Ова утрото за најмалите дечиња кои со своите родители или со баба и дедо одат кај соседите и блиски пријатели, во чест на Василичарската традиција, повеќе служи најмалите да се навикнат на оваа традиција.

На 14ти, во текот на денот, василичари се повозрасните, се маскираат, со себе носат музичари, и исто како и помалите собираат подароци од домаќините, од колбаси и пари, до колачиња и овошје, па и по некој орев или јајце.  Василичарите од домаќините, како што е редот биваат и почастени и со ракија или вино.

Традицијата на славење на Василици, ден по дочекот на Стара Нова година во Зубовце се негува со децении. Но, не секогаш се прославувало на ист начин како сега. Постарите Зубовчани се присетуваат на времето кога на овој ден секое маало во селото имало своја група што шетала по домовите. Сепак, благословите на василичарите останале исти: здравје, љубов, бериќет, разбирање за сите селани.
Во моето родно место се слави Василица со тапани и зурли. Се оди од куќа на куќа, на домаќините им се честита празникот, за што се добиваат соодветни дарови. Во Зубовце во моментов живеат 700 жители, а на овој верски празник во Зубовце секогаш има многу гости, меѓу кои и познати политичари. Па бројот на присутни е двојно поголем за Василица. На овој ден се подготвува и маскенбал, каде што, главно, младите се маскирани и се веселат. – раскажува Јаков од Зубовце.

Селото Зубовце и овој пат беше домаќин на многу гости, кои дојдоа да го вкусат убавото зубовско гравче со сланина на празничната трпеза. Месната заедница, која е организатор на василичарскиот собир и празнувањето е горда што традицијата се продолжува и младите со задоволство ја прифаќаат.

И годинешниот четиринаесетти јануари за ова потшарпланинското село беше голем и убав ден. Мини - маскенбалот, песните и дружењето измамија насмевки и задоволство на лицата и на зубовчани и на сите што се најдоа во селото.

Ова е и денот во кој доаѓа до израз вдахновеноста особено на младите за изработка и носење на најразлични маски кои го надополнуваат севкупниот василичарски амбиент а учествува од најмладо до најстаро или пак со еден збор кажано жителите на Зубовце едноставно живеат за овој празник.Наредниот ден, Василичарите во Зубовце во чест на Свети Василиј Велики се собираат во црковниот храм Свети Никола за да му оддадат почит на светецот и да спремат храна од собраните дарови.
Клеопатра

Ритуалот на василичарите започнува уште во раните утрински часови со музика, песна и оро и со посета на сите домови во селото каде што на вратите ги пречекуваат домаќините, василичарите традицонално тргнуваат од домот на кумот, па заедно со него, младоженецот и невестата одат од куќа до куќа каде домаќинките и домаќините ги пречекуваат со ракија наздравувајќи за добро и убаво со желби за побериќено и побогато во текот на годината и наредната.

Годинешните кумови, на кои лани им падна паричката во питата комад, не го криеја задоволството бидејќи тоа им донело среќа, радост и бериќет. Освен со ракија, домаќините даруваат според традицијата уште месо, грав, компир, кромид и слично, а сето зајре вечерта се наоѓа на заедничката трпеза.

Потоа, домаќините им се придружуват на василичарите одејќи на вратите на преостанатите домови, со песна,музика и оро кое освен во дворовите се пренесува и низ улиците а традицијата ја заокружуваат со веселба сред село.Традицијата во одбележувањето на Василица е од дамнина.

Василица во гостиварското село Зубовце се слави со децении наназад, од 90 година наваму повеке, во едноумието се славеше меѓутоа тие што беа во тогашната комунистичка партија не ги отвораа вратите за василичарите, денес тоа веке не е пример, денес и богати и сиромавите Зубовчани на сите василичари им ги отвораат широко вратите.

Веселбата тука не завршува, се слави и наредните неколку дена се додека Василичарите имаат од храната која ја собрале од Зубовчани. Се слави, се пее, се игра, се весели...
 

На прво место

News image

Македонија е вечна, а власта не е!

Македонија е вечна, а власта не е! Народот ќе ви врати на следните претседателски избори

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.