|
||||
Потомците на Даме Груев со остра реакција кон СДСМ |
Пред неколку часа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ,г-динот Илија Димовски,објави слики од предложените амандмани на пратениците од СДС во кои јасно се гледа и стои дека тие сакаат името на новиот универзитет да е „Крсте Црвенковски“, ,,Вера Ацева" или ,,Страхил Гигов",а не како што е предтоа предвидено „Дамјан Груев“. Ова е потег кој ни покажува дека има луѓе кои се Македонци,од Македонска политичка партија,кои се противат на се што е Македонско,на се што е темел на нашиот идентитет и историја,кои се противат на пролеаната пот и крв на Војводата Даме Груев,еден од основачите на ВМРО,водач на народот кон слобода и создавање на сопствена држава. Наместо големиот Војвода,тие предлагаат тој Универзитет да се вика по некои си комунисти,како што се Крсте Црвенковски и Вера Ацева,или што е многу многу пострашно го предложуваат Страхил Гигов,кој е поврзан со ликвидацијата на Македонскиот револуционер Коста Солев Рацин - Кочо Рацин. СДС се упорни и гнасно газат кон својата цел,а тоа е да ни ја избришат вистинската историја,да го избришат секој револуционер кој загинал за Слободна Македонија,секој комита и борец,секој МАКЕДОНЕЦ! Затоа НИЕ, Потомците на Даме Груев,ќе се бориме и настојуваме да се исполни и изврши оваа иницијатива,овој Универзитет за Национална Безбедност да го носи името кое што навистина го заслужува и му одговара,името на нашиот предок и дедо,на Македонскиот Војвода Даме Груев! Тој со својата борба и непоколебливост за нашата слобода и иднина,заслужи барем еден Универзитет да го носи неговото име! Македонска нација во консултација со семејството на Дамјан Груев |