Среда, 22 Јуни 2016    PDF Печати Е-пошта
Ренген слика на ранетиот Санде војвода во 1904 година!

Со дигитализацијата на весниците денес нема потреба да се оди по библиотеките на балканските метрополи и да се листаат одредени архивирани прашливи весници од минатото. Едноставно сите оние кои поседуваат интернет можат дел од нив да ги разгледаат полека и внимателно од дома со чаша чај или кафе. Разгледувајќи ги броевите на белградска „Политика“ од 1904 година, имаме можност да прочитаме не само за руско – јапонската војна, туку и за настани и пропагандната војна која се води во постилинденски период за Македонија.

Во овој период белградскиот весник излегува на четири страни од кои на последната се објавувани разни огласи. Покрај написите за Македонија, кој вообичано се среќаваат на првите две страници, еден од огласите секако ќе го привлече и вашето внимание.

На 19 јуни 1904 година, белградска „Политика“ објавува оглас со наслов: „Фотографирана раката на Војводата Санде на Ренгенскиот институт на Клиниката д-р Балсамов во Софија!

Под насловот се наоѓа фотографијата на која речиси ништо не се препознава, а потоа во текстот под сликата објаснува:

„Оваа фотографија е снимка на раката на Санде Војвода кој е ранет во раката во борбата на Црн Врв кај Кратово на 12 април минатата година (по јулијанскиот календар)  кога бил донесен на клиниката на д-р Балсамов во Софија. Со помош на Ренгенски зраци утврдено е дека двете коски на раката се скршени на средина. Парчињата од едната коска совршено се исчезнати, а од другата коска се останати, иако многу мали, како што се гледа на сликата.  

Ранетиот војвода останал на клиниката заради лечење и благодарејќи на успесите на современите лекарства и овој чудесен изум, тој од клиниката излегол целосно излечен. 

За фотографирање снимени делови од рака или нога, во кој е куршумот, се плаќа по 10 динари. За фотографирање болни делови во внатрешноста на телото: црн дроб, срце, камен во мочниот меур или бубрезите, и друго, се наплатува 35 динари.“

Овој оглас кој подоцна се повторува, по повеќе од еден век го коментира српскиот доктор Б. Петровиќ, кој особено дава допринос кон историјата на српската медицина. Во текстот „Раката на Санде Војвода“ (Medicus, год. III, бр. 34, 2009; стр. 18 и 19), веќе починатиот српски доктор вели: „Санде Војвода е веројатно ... војводата Јане Сандански, на кого куршумот му ги скршил коските на подлактица, како што често се случува, коминутивно. Ова се некои парчиња видливи на ренген сликата, а некои не се. Несомнено е дека примената на "чудесниот изум" (ренгенот) дијагностички помогна за успешното лечење, иако на лекување во рекламата, која содржи "мистична" нота, не постојат детали. "Мистична", бидејќи тоа не потсетува на светите мошти, раката на Јован Крстител (што придонесува и презимето Балсамов!), кое несвесно ја зајакнува чудесноста на рентген зраците. Поточно апарат кој се наоѓа во Софија, со помош на кој "сето скриено се гледа". И ценовникот е даден, на кој мора да се додаде и сумата за патување и трошоците за сместување.“

Српскиот доктор потсетува дека Главната воена болница во Белград уште кон крајот 19. век, имала Рендген апарат и дека за патување во Софија немало потреба. Меѓутоа, како што вели, „приказната е многу покомплицирано отколку што изгледа на прв поглед“. Тоа е време на српската, бугарската и грчката вооружена пропаганда во Стара Србија и Македонија, подготовките за иднината на Првата балканска војна за ослободување; но исто така и борба за локалното православно население ". Односно, во пропагандната војна која се води во тоа време за македонскиот народ, на кое царство ќе се приклучат, дали на српското или бугарсткото, покрај верата и просветата, овој оглас покажува дека учествувало и тогашното здраство.

Впрочем, отворањето на крајот од 19-тиот век на хируршки оддел во Ниш, меѓу другото, било мотивирано поради тоа што хируршките пациенти од Отоманската империја, само минуваа низ Ниш на пат за Софија. Во рамките на пропагандата за да се привлече македонскиот народ, по отварањето на хируршкото одделение во Ниш, српската влада донела одлука за бесплатен хируршки третман на тогашните османлиски поданици, православните жители на Македонија, а во 1905 година, на ден Св. Илија, официјално бил отворен нов модерен хируршки блок во Ниш, по примерот на болницата во Потсдам.  Меѓутоа, како што коментира сега веќе починатиот српски лекар Брана Димитриевиќ, во моментот кога се појавува огласот (19.06.1904) со сликата на раката на Санде Војвода во најчитаниот српски весник, тоа значело дека бугарската медицина е пред српската, а Софија е пред Ниш.

Во нормални услови, конкуренција меѓу српското и бугарското здравство, кој лечи побрзо и подбро, во тоа време дури би била и здрава и би водела кон унапредување воопшто на здраството на Балканот. Но, неприфатливо е кога и здраството се става во функција на вооружената пропаганда која ја водат двете држави во Македонија.

Самото име на рекламата за Санде војвода, во кое го нема полното име и презиме, а кое асоцира на познатиот македонски војвода Јане Сандански, има за цел пациентите кои се лекуваат во Србија да ги привлече за да се лечат во Софија. Но, дека воопшто не се работи за Јане Сандански можеме да видиме од рекламата објавена во вестникот „Мир“ од 1903 година (вестник "Миръ" - 1903 г.), а кои ни ги пренесуваат „Ретрореклами“.

Според објаснувањето дадено во бугарските „Ретрореклами“, „Македонија, е сеуште болна рана за чии страдања не може да се види во учебниците по историја, ниту да се слушне од нивните политичари. Меѓутоа, страдањата за Македонија го гледа современата наука, лишена од емоции и страст, а тие се гледаат во кабинетот на д-р Балсамов,“ - кој студирал венерични болести во Париз. Инаку, доктор Балсамов долги години се занимавал со лечење  на болести на внатрешните органи, очните болести, гинекологијата и хирургијата. На наговата клиника во Софија имал 20 соби со едно до две легла и за секоја од болестите се грижел по еден лекар.

Самата реклама објавена во бугарскиот весник ни го открива името на Санде Војвода. Во неа можеме да го прочитаме следното: „Тука е преставена фотографската снимка од раката на Александар Георгиев (Санде). Тој бил ранет кај  Кратово на 12 април годинава. Доведен е пред неколку дена во клиниката на д-р Балсам, и со помош на Ренгенски зраци се утврди дека двете коски на подлактицата се скршени во средината. Парчињата од едната коска совршено се водат за исчезнати, а оние од другата останале расфрлани на ситни честички во месото, како што се гледа од снимката. Сега повредени војвода се наоѓа на болничко лекување и хирургот, благодарение на тој одличен нов изум, ја има пред очи состојбата со скршените коски и со сигурност ќе пристапи кон лекување."

Така истражувајќи ги рекламите објавени во српските и бугарските весници во текот на 1903 и 1904 година откриваме дека се работи за македонскиот револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација Александар Георгиев - Санде (Штип, ? - Штип, 23. II 1908), познат уште како Санде Чолакот. Тој бил комита, а подоцна и војвода во Кумановско.  Во текот на април 1903 година во борбата на Црн Врв кај селото Стубол, бил тешко ранет. По излекувањето во 1904 година одново дејствува како војвода во Кумановско. Подоцна се легализирал и се вратил во Штип, но бил уапсен, осуден на смрт и обесен во 1908 година.

Но она што е позначајно, дознаваме како и медицината била влезена во игра за големата пропаганда која Србија и Бугарија ја спроведувеле за придобивање на македонскиот народ. Така да од новното лечење, Македонија и ден денес остана поделена и не може да се опорави.

rengen1

rengen2

Македонска нација

 

На прво место

News image

Македонија да ја направиме повторно Горда

  Претседателот на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески на средба кај Мет...

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.