|
||||
| Папандреу ја прифати поканата од Груевски за нова средба |
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ја прифаќа поканата на премиерот Никола Груевски за организирање на заедничка средба, соопшти денеска портпаролот на грчката влада Јоргос Петалотис. ![]() Според Петалотис, како што јави агенцијата АНА МПА Папандреу тоа му го кажал на Груевски за време на вчерашниот телефонски разговор инициран од шефот на македонската влада. - Средба меѓу две соседни земји е секогаш важна и позитивна, без оглед на проблемите што постојат, изјавил Петалотис. Тој притоа појасни дека датум за ваква средба ќе треба да биде дефиниран по дипломатски пат и ќе бара многу подготовки пред таа да се случи. Шефот на македонската Влада вчера телефонски разговарал со грчкиот премиер, а завчера му испратил и писмо во кое предлага да имаат нова тет-а-тет средба во Република Македонија или на некое друго место кое би се одредило во меѓусебен договор, во насока на подобрување на односите и придвижување на процесот за изнаоѓање на заемно прифатливо решение за името. Во телефонсиот разговор, како што информира владината прес служба, станало збор за повеќе прашања од меѓусебен интерес, а двајцата премиери размениле мислења и за економските состојби во двете земји, како и за други прашања од билатерален и регионален карактер. Груевски: Се надеваме на повеќе разбирање од Грција за нашите аргументи Фокусирани сме на прашањето поврзано со Грција. Сакаме да најдеме решение затоа што тоа ќе биде од наша полза - веднаш ќе се деблокира влезот во НАТО и ќе ги почнеме преговорите за членство во ЕУ, кои според некои би завршиле за четири или пет години.Тоа го изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната партиска трибина со граѓани од општина Ѓорче Петров. Тој додаде дека Владата посакува да се дојде до решение, но не по цена на националниот идентитет, јазик и култура. - Затоа и многу внимателно разговараме на оваа прашање, укажуваме дека сакаме да направиме компромис, но не каков било компромис. Не компромис, кој ќе ги загрози нашите државни и национални интереси, не компромис кој што ќе треба да не избрише како народ и држава, не компромис со кој ќе треба да го заборавиме нашиот идентитет, јазик, нашата националност, нашата култура. Не компромис со кој ќе треба да се обезличиме како држава и народ, рече Груевски. Минатата година по доаѓањето на новите власти во Грција, посочи Груевски, остварени се повеќе разговори, но понудите што доаѓаа не беа доволно пристојни и изрази надеж дека тоа ќе се промени оваа година. - Се надеваме дека оваа година ќе имаме доволно разум кај нашиот јужен сосед во тој однос, повеќе разбирање и дека конечно нашите аргументи ќе бидат подобро прифатени, затоа што ние немаме никакви задни намери и сакаме да бидеме пријатели со Грција. Сакаме да имаме добри односи и сакаме да станеме членки на НАТО и ЕУ. Ние не сакаме ништо туѓо и не сакаме да превземеме ничиј идентитет, но не сакаме да го дадеме ниту тоа што е наше, порача премиерот Груевски. На трибината во Ѓорче Петров присуствуваа и се обратија и министри од Владата и истакнати членови на партијата, како и градоначалниците на Град Скопје и на општина Ѓорче Петров. Моратинос: Скопје и Атина се блиску до решение за името, Шпанија е подготвена да помогнеШпанскиот министер за надворешни работи, Мигел Анхел Моратинос наскоро ќе го посети Скопје, најави лично денеска при неговото обраќање пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, но не прецизира кога.![]() Како што јави Дојче Веле програма на македонски јазик, тој оцени дека Атина и Скопје се блиску до конечно решение за спорот со името и дека ставот на новата грчка Влада е многу поволен. Одговарајќи на прашање на европратениците, Моратинос изјави дека шпанското претседателство на ЕУ ќе стори се што е во нивна моќ на ова поле. - Двете земји работат под покровителство на ОН, и верувам дека во овој момент е подобро да разговараат меѓу себе со поддршка на Светската организација. Ако биде потребна европска интервенција, од страна на шпанското претседателство, ние сме подготвени за тоа. За таа цел, многу логично одлучив наскоро да отпатувам во Скопје за да го поткрепам овој став, изјави Моратинос. Шефот на шпанската дипломатија и претседавач на ЕУ се осврна и на останатите земји од регионот, потенцирајќи дека Западниот Балкан е на врвот на приоритетите на ова ново претседателство и дека регионот нема да биде заборавен. |




Фокусирани сме на прашањето поврзано со Грција. Сакаме да најдеме решение затоа што тоа ќе биде од наша полза - веднаш ќе се деблокира влезот во НАТО и ќе ги почнеме преговорите за членство во ЕУ, кои според некои би завршиле за четири или пет години.

























