|
||||
| Македонска делегација од Албанија на прием кај Претседателот Иванов |
Висока делегација на Македонска партија од Република Албанија предводена од претседателот Едмонд Темелко од Мала Преспа, потпретседателите Едмонд Османи од Голо Брдо и Аднан Чебани од Гора, претседателот на младите на партијата Васил Стерјовски и членот на Извршниот комитет Никола Ѓурѓај од Тирана деновиве оствари прием кај претседателот на Република Македонија Ѓорѓи Иванов. Делегацијата на Македонска партија од Република Албанија го запозна претседателот Иванов за положбата и правата на Македонците во Албанија и за активностите што ги преземаат за нивно унапредување. Посебно внимание делегацијата на Македонска партија укажа на важноста од отворањето на граничниот премин Џепишта-Требишта, што значи прозорец кон светот за околу 50.000 Македонци по потекло од областа Голо Брдо и можност да се спречи иселувањето. Македонците укажаа и на притисоците кои властите од Тирана ги вршат врз Македонците во областите Голо Брдо и Гора за спречување на курсевите за изучување на македонскиот јазик за Македонците коишто од неодамна се организираат. Иако Македонска партија е во коалиција со Демократската партија на премиерот Сали Бериша, изучувањето на македонскиот јазик е дозволено само во областа Мала Преспа и Тирана. Делегацијата на Македонска партија изрази очекување дека албанската влада ќе овозможи заштита и афирмација на македонскиот јазик и култура на целата територија на Република Албанија, меѓутоа побараа сериозна поддршка заради реципроцитет во односите меѓу двете земји и од Владата и Претседателот на Република Македонија. Македонците во Албанија истовремено изразија загриженост од можни менипулации со попишувањето на населението во 2011 година во Република Албанија, заради заплашувањата кои отсега се вршат врз Македонците во местата каде што живеат. (СМК) |



Висока делегација на Македонска партија од Република Албанија предводена од претседателот Едмонд Темелко од Мала Преспа, потпретседателите Едмонд Османи од Голо Брдо и Аднан Чебани од Гора, претседателот на младите на партијата Васил Стерјовски и членот на Извршниот комитет Никола Ѓурѓај од Тирана деновиве оствари прием кај претседателот на Република Македонија Ѓорѓи Иванов. 
























