Петок, 16 Декември 2016    Печати
Македонија мора да издржи до инаугурацијата на Трамп на 20 Јануари

Screenshot 1129

Јово Бурне-Македонија мора да издржи до инаугурацијата на Трамп на 20 Јануари

Република Македонија се соочува можеби и со најголемата политичка криза од нејзиното постоење, која може да постане и потенцијална безбедносна криза. Република Македонија се соочува со можеби и со потенцијални немири и инциденти после тесните парламентарни избори и калкулациите со резултатите од страна на ДИК под директна директива на Американската амбасада и актуелниот амбасадор Џес Бејли.
Ова можеби е и единствениот и краен обид на актуелната американска администрација на Обама преку Џес Бејли да си го истурка своето сценарио за дестабилизација на Македонија. Што може да очекуваме во иднина ??? Како прво може да очекуваме широка влада кон која ја туркаат Република Македонија Џес Бејли и Америчката амбасада, во која влада би влегле сите и која би потпишала промена на уставното име на државата.
Како второ сценарио може да очекуваме ниту една партија да неможе да состави влада и да имаме повторени избори некаде заедно со локалните на пролет. А како трето сценарио може да очекуваме влада на Вмро и Дуи која ќе предизвика протести од страна на приврзаниците на Сдсм, или малцинска влада на Сдсм со повеќе албански партии која ќе предизвика масовни протести од приврзаниците на Вмро.
Но што и да се случува Република Македонија мора да најде сили и да издржи до 20 Јануари и инаугурацијата на новиот Американски претседател Доналд Трамп, кој најавува нови ветришта за Балканот и светот, како и темелна реконструкција и промена на сегашната Американска администрација во која е и Џес Бејли кои упорно се трудат од Македонија да направат нова Украина. Доналд Трамп најави дека заедно со Владимир Путин ќе работат на подобрување, благосостојба и мир во светот, и нема повеќе Америка да изигрува светски полицаец. Останува на Македонија и Македонците да останат со ладни глави, да не го загубат трпението и да го дочекаме во мир 20 Јануари, денот кога доаѓа Трамп а заминува Џес Бејли.
news stream logo-MK