Среда, 28 Декември 2016    PDF Печати Е-пошта
Крушево ќе го развива авантуристичкиот туризам со швајцарска помош

Krusevo1

Општина Крушево, швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и параглајдинг клубот Хели потпишаа меморандум за соработка за ефикасна, континуирана и координирана соработка за развој на туризмот во Крушево, фокусирајќи се, пред сé, на развој на параглајдерството. Со овој меморандум сите три страни се согласија да соработуваат во рамки на веќе формираната работна група за управување со дестинации, но и на осмислување и спроведување заеднички активности кои ќе ја подобрат туристичката понуда во Крушево.

„Како една од водечките 10 дестинации за параглајдерство во светот, Крушево како туристичка дестинација мора да се развива и да понуди содржини и услуги кои ќе соодветствуваат со потенцијалот кој го поседуваме за развој на овој тип туризам. Нашите анализи покажуваат дека за време на одржувањето на куповите и турите за параглајдерство, градот Крушево заживува, а локалната економија значително се подобрува“, изјави градоначалникот на Крушево, Ѓорги Дамчески.

Со помош на швајцарската програма ИМЕ ќе се примени една од најнапредните методологии за развој на туризмот, иновативниот модел за управување со дестинации развиен од Универзитетот Сент Гален од Швајцарија, со кој ќе се мапираат стратешките текови на посетители во дестинацијата, ќе се направи проценка на недостатоците во понудата и ќе се работи на прилагодување на туристичкиот производ за потребите на туристите. 

krusevo2

„Потенцијалот на Крушево за развој на авантуристичкиот туризам е несомнен. ИМЕ програмата веќе неколку години работи на развивање на потенцијалите за авантуристички туризам во дестинациите во Македонија во кои работиме, пред сé, во насока на подобрување на системите за безбедност и управување со ризик, како важен сегмент во овој тип туризам. Со овој меморандум ќе се продлабочи нашата соработка со општината Крушево и со Хели клубот, а нашите заеднички активности ќе бидат во насока на подобрување на туристичката понуда на Крушево во претстојните сезони“, потенцираше заменик директорот на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост, Маријана Милевска.

Во Крушево годишно се одржуваат неколку шампионати за параглајдерство, на кои учествуваат голем број учесници со свои тимови. Сепак, покрај професионалните натпревари, Крушево поседува потенцијал и за дополнителен развој на туристичкото параглајдерство.

Според Игор Тодевски од Хели клубот, соработката со општината е одличен прв чекор во заедничките напори за јакнење на туристичкиот сектор во Крушево. „Координацијата со локалната администрација е навистина важна во авантуристичкиот туризам. Мора заеднички да работиме со општината на обезбедување услови за развој на уникатен туристички производ од Крушево. Кога на таа соработка ќе се додаде и врвна швајцарска експертиза за туристички развој на дестинацијата, верувам дека Крушево може да достигне туристички стандарди кои ќе ги задоволат барањата на меѓународните туристи и параглајдинг ентузијасти“, рече Игор Тодевски.

Прв чекор во јакнење на соработката помеѓу приватниот и јавниот сектор во Крушево е отворање на Инфо пункт за параглајдерство, којшто ќе биде раководен од Хели клубот за параглајдерство од Крушево, на простор отстапен од страна на општината.

 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.