Среда, 28 Декември 2016    Печати
ЗОРАН ЗАЕВ И АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Не постојат недопирливи и дела за кои ако се докаже дека се кривични да не може да се одговара, на виновниците да им се суди...

Ама идиотска е изјавата на Зоран Заев за германскиот “Зидојче цајтунг“: “Со идиотскиот проект Скопје 2014 и со него поврзаната псевдо-историја која го рекламира Александар Велики како Македонец, не само што ја испровоциравме Грција, туку ја загубивме и меѓународната поддршка за нашите позиции“.

Изјавата на Зоран Заев не е само идиотска, туку и анти-македонска!

Ама, кога попокот на ваквите им е врзан “зад Карпатите“, а мозокот со Белград и Атина, и со тоа не труеја 50 години во поранешна СФР Југославија, епилогот не може да биде поинаков, освен ваков каков што го читаме: “Александар Македонски не е Македонец, туку Грк“!

Е, ова е индоктринацијата на “идеолозите“ болни за власт во Македонија кои би го демонтирале со штрафцигер проектот “Скопје 2014“, кои се’ би срушиле, затоа и со шарената револуција се’ по ред префарбаа...

Ова е само продолжение на расистичката изјава на покојниот Крио Глигоров кој своевремено рече: “Ние сме Словени, дојдени по шестиот век од нашата ера од зад Карпатите, за да не не’ поистоветуваат со Бугари и Срби, се нарековме Македонци поради името на територијата Македонија што ја населивме. Ние не сакаме да го присвојуваме културното и историското наследство на Александар Велики.“ Кажа Киро Глигоров тогаш и остана жив! Ама веќе го нема... Но, додека беше жив и не и’ се извини на нацијата затоа што ја прелажа “Временото обраќање ‘поранешна Југословенска Република Македонија’ во Обединетите Нации ќе остане само два месеци“, за жал, остана до денес, цели дваесет и три години.

И затоа не случајно децата во основните училишта по историските читанки ќе ги среќаваат следните гатанки за “Македонците и Словените“: “Словените од зад Карпатите се доселија во Македонија по шестиот век од нашата ера. Во Македонија ги затекнаа староседелците, Македонците. Дел од нив избегаа по приморските градови, а дел од нив се повлекова на планините, го задржаа јазикот, културата, обичаите и тоа се денешните Власи во Македонија.“ Е ова е МАНУ на дело! Ја збрлавеа нацијата, на која се потрудеа да и’ накалемат се’, само дека се Македонци не’!

Македонското чистилиште од пеколот до рајот е макотрпна работа, некои се враќаат назад на поправен а многумина и без продолжение...

Е толку од овие со Македонијата им! Та и Македонија толку од нив!

Ама, и покрај се' и после се', ние Македонците ќе победиме!

Македонците пирејот, Македонија фениксот!

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Амин! Амин! Амин!