Петок, 30 Декември 2016    Печати
Нервозата во СДСМ е непотребна

grb-VEPМакедонска нација

ВЕЉАНОВСКИ ЌЕ ПРЕТСЕДАВА СО КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА ДО ИЗБОРОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО!

Вонредните парламентарни избори завршија. По прегласувањето во Теарце, Државната изборна комисија ги прогласи за завршени, и ги предаде уверенијата на избраните пратеници.

Во согласност со членот 63 од Уставот "Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав. Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите."

Претседателот на Собранието од претходниот состав Трајко Велјановски веќе ја закажа конститутивната седница за 30 декември 2016 година во 12 часот.

Во согласност со членот 9 став 2 од Деловникот на Сорбанието "Пратеникот кој ја свикал првата седница, претседава со седницата на Собранието, додека новоизбраниот претседател или еден од потпретседателите не ја преземе должноста."

За жал, СДСМ бара со конститутивната седница да претседава на албански јазик најстариот пратеник Бранко Манојловски, кој е пратеник на ДУИ, Македонец православен, кој се декларира за Албанец како и Бранислав Синадиновски, иако не знае да зборува албански. Еден од оние двајца, кои побараа и Албанска Православна Црква во Македонија...

И покрај барањето и опструкцијата на СДСМ, со конститутивната седница ќе претседава Трајко Вељановски, претседател на Собранието од претходниот состав, кој ја свика за 30 декември 2016 година.

Пратениците самите се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите, само ако претседателот на Собранието од претходниот состав не ја свика конститутивната седница, што не е во овој случај. А, членот 9 став 2 од Деловникот на Собранието, исто така, е дециден, “пратеникот кој ја свикал првата седница, претседава со седницата на Собранието, додека новоизбраниот претседател или еден од потпретседателите не ја преземе должноста.“

Се’ е јасно, а нервозата во СДСМ е непотребна!