Сабота, 31 Декември 2016    Печати
ДЕНАЦИФИКАЦИЈА ИЛИ ОДМАКЕДОНЧУВАЊЕ.

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Сашо Орданоски на порталот libertas.mk од 30 декември 2016 година вели: "На Македонија и' е потребен период на денацификација."

А, колку за потсетување... Таа тајфа почна со словенизација, со денационализација, со ликвидација, со асимилација... Обвинија за десловенизација, за антиквизација, за букефализација... Сакаат да завршат со денацификација... Тоа му доаѓа како, во финалето: одмакедончување...

Го сменија името на државата... го сменија знамето на земјата... ја сменија етничката и верската карта на Македонија... со територијалната организација на локалната самоуправа албанизираа половина од територијата на Македонија... се откажаа од Македонците во соседните земји и во светот, им го укинаа правото и на македонско државјанство... Им го укинаа правото на пратеници на Македонците во светот... Понудија федерализација и двојазичност на целата територија на Македонија, побараа Македонците да го научат албанскиот, а Али Ахмети, макар од куртоазија, иако по потекло е одроден Македонец, уста не отвора, еден збор на македонски јазик да прозбори пред јавноста... Не' учат дека Александар Македонски е Грк, дека сме дојдени од зад Карпатите со трски в уста преку Дунав, дека шеснаесет-зрачното сонце е грчки симбол... Вршат сороизација на општеството... не' учат дека односите со Атина треба да ги решиме со географска одредница... Сојуз направија со софискиот врховист Георгиевски...

Бранко Тричковски, перјаницата на "слободоумното" новинарство на новиот живот во Македонија вели, згрешивме што не ги докрајчивме по Втората светска војна... Колку само ликвидираа, колку само на туѓи фронтови ги пратија за други интереси коски оставија...

Сега, сакаат да извршат целосно однародување, денацификација, за да не нема.

Ами ако ја сакаат Македонија, за која денацификација Сашо Ордановски зборува денес?!

Ај сега вера?!

Дејгиди Македонијо, кој ми ти крои иднина... Се' од свои страдаме... Врховисти и колаборационисти...