Среда, 04 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (5. дел)

holocaust2

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

БУГАРСКИТЕ ФАШИСТИ ГО СТЕГААТ ОБРАЧОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ

Гледајки можност за реализација на своите  Санстефански соништа за ,,Голема Бугарија,, , претседателот на владата во Софија Богдан Филов на 1 март 1941 година го потпиша пристапувањето на својата земја кон тројниот пакт. Бидејки поголем дел од Makeдонија се најде под окупација на фашистичка Бугарија, а за да не ги повреди чувствата (!) на своите сојузници, Ајхман му наредил на Данекер да им ги препушти репресивните мерки - апсења, претреси, егзекуции на македонските Евреи на бугарските окупациони власти, со што,  со невиден жар се занимавал Комесаријатот за еврејски прашања при бугарското Министерство за внатрешни работи и бугарската полиција. Теодор Данекер требало само да врши општ надзор на се што превземале Бугарите. Ополномоштениот од германското Министерство за надворешни работи во Софија Адолф Хајнц Бекерле добил наредба да ги започне првите преговори со министерот за внатрешни работи на Бугарија Петар Грабовски за депортацијата на 20.000 Евреи од Вардарска и Егејска Македонија. Бекерле подоцна  му го препуштил тоа овластување на бившиот генерален конзул во Скопје, а подоцна капетан на ЕсЕс трупите Теодор Данекер.

На бугарската окупациона власт во Македонија и на фашистичката влада во Софија им било кристално јасно какви се намерите на нацистичка Германија со Евреите ширум окупирана Европа. Во прилог на ова тврдење е разговорот помеѓу министрите за надворешни работи на Германија и Бугарија Рибентроп и Попов воден на 26 ноември 1941 година во Берлин кога Рибентроп отворено му ја претставил идејата на Хитлер да ја ,,исчисти,, Европа од Евреите,,. Веке на втората средба на двата министри одржана на 30 декември 1941 година разговарано е конкретно за подготовка за депортација на Евреите од Бугарија.

Впрочем, депортацијата на Евреите од Бугарија било најзначајно прашање  воопшто во контактите и преписките меѓу двете по зло усојузени страни. Адолф Бекерле, на пример, на 9ти мај 1942 година го известил Министерството за надвореѓни работи на Германија за преговорите со бугарската влада, а на 19 јуни 1942 година добил известување од Берлин за разговорите помеѓу министрите Рибентроп и Попов со заклучок од нивниот состанок да бидат депортирани   с и т е  Евреи од Бугарија во источните германски окупирани области, конкретно во Полска.

Позната е изјавата на бугарскиот министер за внатрешни работи Грабовски од 25ти јуни 1942 година кога рекол:"Мерките што до сега се превземени по еврејското прашање беа резултатни, но недоволни. Затоа ова прашање треба конечно да се разреши....... Треба да се превземат нови мерки против Евреите.... Неопходно е да се делува брзо и ненадејно...".

За постигнување на зададената цел за делување ,,брзо,, и ,,ненадејно,, на 28 април 1942 година бугарското собрание го донесе законот со којшто на Министерскиот совет /владата/ му се даде задача да превземе ,,мерки за средување на еврејското прашање,, како и за сите прашања поврзани со овој проблем. Според споменатиот закон што бил потврден со царски указ на Борис III, о бјавен во нивниот "Службен вестник" /Службен лист/ бр. 148, од 9 јуни 1942 година, Министерскиот совет се задолжува  да ги зајакне мерките за ограничувањата на Евреите, како и да донесува прописи, одлуки и други акти против Евреите.

Министерскиот совет донесол одлука на 26 август 1942 година со којашто се формира Комесаријат за еврејски прашања во составот на Министерството за внатрешни работи, а на 3 септември 1942 година го назначува Александар Белев за негов комесар (забелешка:  По војната тој е осуден на смрт како воен злосторник и егзекутиран). Централата на овој Комесаријат била во Софија, а тој имал свои делегати и органи насекаде кадешто имало Евреи во царството Бугарија. 

Работата на Комесаријатот за еврејски прашања што делувал во тесна соработка со германската амбасада во Софија и со Гестапо ја плаќале самите Евреи од "Фондот на еврејските општини" создаден со блокирањето на еврејските сметки во бугарските банки, од кои биле одземани од пет до 12 одсто од износот на средства на сметките. На овој начин бугарските фашисти  л е г а л н о (!?) го пљачкосувале имотот на Евреите на окупираните територии.

Со наредба на Комесаријатот за еврејски прашања од 22 септември 1942 година, за нивен делегат во Скопје бил именуван Иван Захариев. А со ваквите делегати на чело на еврејските општини, самите општини практично постанале центри за уништување на Евреите. 

Трагедијата на македонските Евреи почна уште на 7 април 1941 година, на самиот прв ден од влегувањето на германските единици во Скопје. Истиот ден започна недвидено пљачкосување на еврејските продавници кои биле разграбени како "воен плен". Пљачкосувањето продолжило и во наредните денови.

Меѓунаслов: БУГАРСКИТЕ ФАШИСТИ СИСТЕМАТСКИ ГИ УНИШТУВААТ ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Трагедијата на македонските Евреи многу студиозно ја  проучи и претстави познатиот македонски историчар, академик Александар Матковски во своето дело:"Историја на Евреите во Македонија" koe доживеа повеке изданија на македонски,  хебрејски, англиски и шпански јазик. Извонредно автентичен е приказот на оваа тема и на израелскиот новинар по потекло од Бугарија Аарон Асса, како и трудот на Жамила Коломонос и други, Филмот ,,Трето полувреме,, што предизвика многу возбудувања во Република Бугарија пред некоја година е исто така веродостоен приказ за однесувањето на бугарскиот фашистички окупаторски режим во Македонија во текот на Втората светска војна. Одличен приказ набугарско/германскиот злостор над македонските Евреи е и филмот ,,Ослободуванјето на Скопје,, - македонски кандидат за престижната награда Оскар. 

хххххххххххххххх

Антиеврејските закони и други акти што ги донесе фашистичка Бугарија против Евреите многу јасно укажуваат на еволуирањето на бугарското расположение  за уништување на Евреите како економски и политички фактор во царството, со крајна цел тие физички да бида уништени.

,,Народното собрание,,  на царборисовска Бугарија на 21 јануари 1941 година го донесе фамозниот ,,Законот за заштита на државата,, со цел да ја ,,заштити,, бугарската нација од Евреите кои биле прогласени за државни непријатели. Според истиот закон тие можеле да се занимаваат само со индустрија, трговија и занаетчиство. За Евреите со тој закон била забранета државна служба, како и работа во просветата и културата, "за да неможат да шират еврејска поропаганда".

За економското уништување на Евреите во окупираните територии, но и во самата Бугарија во времето на владеењето на фашистичкиот режим на Борис III придонесе "Законот за еднократен данок" објавен во ,,Државен вестник,, бр 151 од 14 јули 1941 година, според кој сите Евреи морале да и отстапат една петина на државата од својот имот. Според проценките на бугарската фашистичка власт, само имотите на скопските Евреи, на пример, биле проценети на 320 милиони лева. Од тој имот бугарската окупациона власт планирала да наплати 59 милиони лева, но подоцна биле отпишани 2.548.434 лева. Со други зборови, секој скопски Евреин морал да плати во просек 17.082 лева. Бугарските окупатори успеале да наплатат од скопските Евреи 42.643.728 лева, или во просек 12.872 лева за секој скопски Евреин.

Бугарската ентиеврејска хистерија во окупираните делови на Македонија само добивала на интензитет се со намера да се постигне крајната и однапред зацртана цел - нивно физичко уништување. Веке на 4. октомври 1941 година филијалата на бугарската трговско-индустриска комора за скопската и битолската област издала наредба со која на Евреите им се забранува занимавање со трговија и индустрија, а постоечките трговски и индустриски фирми Евреите биле приморани да ги ликвидираат во рок од една година. Со оваа мерка, практично е означен крајот на присутвото на Еврејските трговци и индустријалци на економската сцена во Македонија.

Но, царборисовската фашистичка власт не останала само на тоа и Бугарите продолжиле да донесуваат закони за целосно економско уништување на македонските Евреи. Така на пример, со наредбата бр. 5 од 8 април 1942 година Комесаријатот за Еврејски прашања целокупниот имот на македонските Евреи го ставил под државна контрола, а со наредба на истиот комесаријат бр. 77 од 12 фебруари 1943 година се предвидувало брзо ликвидирање на занаетлиските дуќани на македонските Евреи.

Бугарската фашистичка власт слепо следејки ги политиките на Третиот Рајх и самите беа цврсто решени да ги иселат Евреите од Македонија во источните германски окупирани територии (Полска) и на 2 март 1943 година е донесена одлуката за конфискација на целокупониот имот на Евреите во Македонија.

 

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

СВЕЧЕНО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1978 ГОДИНА (22)

ДЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (38)

ТЕСАЛСКО-ПЕЛОПОНЕШКА МИТОЛОГИЈА ЗА ХЕРАКЛЕ (ХЕРАКЛЕВИТЕ ПАТУВАЊА ВО ХИПЕРБОРЕЈА И...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.