Среда, 04 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
Влијателниот американски еврејски конгрес му ја честита изборната победа на Груевски

gruevski-pobeda

Честитка за ВМРО-ДПМНЕ и за партискиот лидер Никола Груевски испрати Американскиот конгрес на Евреите, кој е една од најсилните организации во САД и има големо влијание во тамошната политика и во општествени текови. Во честитката, потпишана од претседателот на Конгресот, Џек Розен, како и од потпретседателот Мунр Казмир, се изразува надеж за понатамошна соработка со Македонија и со македонската влада, предводена од Груевски.

– Американскиот конгрес на Евреите им ја честита победата на премиерот Никола Груевски и на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ на неодамна одржаните парламентарни избори во Македонија. Ги цениме извештаите на ОДИХР, како и другите меѓународни набљудувачи, дека изборите се одржале во слободна, фер и демократска атмосфера, се вели во честитката.

Од Конгресот очекуваат добра соработка меѓу Македонија и Израел.

– Американскиот конгрес на Евреите се надева дека премиерот Груевски и неговата партија ќе продолжат со соработката со еврејската заедница во Македонија, како и со Евреите во целиот свет. Исто така, се надеваме дека ќе се одржат одличните односи помеѓу Македонија и Израел за политичките, економските, дипломатските и безбедносните прашања, стои во честитката.

Оттаму потсетуваат дека претседателот на Американскиот конгрес на Евреите, Џек Розен, се сретна со премиерот Груевски во текот на годината во Њујорк за да дискутираат за градењето на Музејот на холокаустот во Скопје, како и за оформување фонд за холокаустот.

– Конгресот се надева дека изборите ќе отворат нови можности за Македонија и со задоволство очекуваме да продолжи соработката со премиерот Никола Груевски и Владата на Република Македонија, стои на крајот од честитката.

Американскиот конгрес на Евреите е формиран во 1913 година и ги обединува сите Евреи во САД. Конгресот се смета за најсилна и највлијателна организација во САД со силно влијание на политичките и економските текови. При посетата на САД во октомври минатата година, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Груевски се сретна со претседателот на оваа организација, Розен, во нивното седиште во Њујорк.

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

СВЕЧЕНО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1978 ГОДИНА (22)

ДЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (38)

ТЕСАЛСКО-ПЕЛОПОНЕШКА МИТОЛОГИЈА ЗА ХЕРАКЛЕ (ХЕРАКЛЕВИТЕ ПАТУВАЊА ВО ХИПЕРБОРЕЈА И...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.