Среда, 11 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
И млади и стари, не покажавме сила за државност и развој

Katerina Klimovka

Катерина Климоска

Република Македонија иако историски постои многу одамна, со своја држава може да се пофали дури во последниве 25 години. За жал, иако како народ сме постоеле одамнина, како држава сме во групата на „млади“.

И млади и стари, не покажавме сила за државност и развој.

Не покажавме дека вредат сите дадени животи на револуционерите и историските личности кои го дале својот живот и се жртвувале за ние денес да живееме во свое под ова сонце, не покажавме должна почит. Со самото тоа ние како народ не ја цениме нашата држава, како и она што ни е дадено од поколенијата. А почитта, таа не се покажува само на збор, туку на дело, преку развој и подобрување на оваа библиска Земја.

Доаѓањето на Никола Груевски како Лидер на ВМРО ДПМНЕ, а потоа и како Премиер на Р. Македонија и сето она што тој го внесе како проекти и стратешка определба, даде една нова можност и нов лист за сите нас како народ, а со тоа и на самата Земја. Но, иако сето она што стоеше во неговата програма за развој и работа на Владата, Министерствата, институциите, а со тоа и ефектот на поставените цели, неговите залагања кои беа светски, напредни и проактивни, наменски за еден развоен 21 век, во Р.Македонија ние кои сме дел од системот ја промашивме. Ние како народ не ја искористивме можноста која ни беше дадена.

Зошто сметам дека ние сме одговорни?.... го задржавме окоравениот ментален склоп на квази социјалистичко размислување и делување, на барање начин лесно и нечесно здобивање со титули, позиции и пари, грабајќи луѓе за своја корист на секој можен начин, при тоа немајќи обзир на ни една позитивна човечка доблест (принцип, етика, морал и слично). Ако и денес после 10 години владеење на ВМРО ДПМНЕ, видиме која е структурата на кадар по државните институции, ќе заклучиме дека многу не се разликува од претходно: стари квази социјалистички чиновничиња, стари уседелици со средени фризури, и за жал млади кадри кои се извајале и избрале точно по сликата и приликата на оние постоечките во самата институција. Тука нема напредок, ни услови за тоа, не може гаврани да натераш да ти отсвират симфонија.

Она што сакам да потенцирам е дека селекцијата на кој е подобен или не за одредена институција (јас со прецизност можам да тврдам посебно за делот на високото образование), се прави во самите холови и канцеларии. Имено, колку и добри квалитетни профили, проактивно ориентирани, беа донесени по институциите, отфрлањето се одвиваше во самите холови внатре. Или ќе се променат по сликата на оние чувари на сивиот комфорт и статичност, или ќе ги отфрлат како диво месо и тоа на најнечовечки начин преку малтретирања, подметнувања, напад на професионалниот но и уште повеќе личен кредибилитет, се со цел сами да напуштат или да се вклопат во сивилото. И така ние ги губевме најдобрите кадри, кои или си одеа од институцијата или од државата, малку од нив остануваа да се борат со догмите, за жал неуспешно.

Најголемата вина, покрај кај самите нас како луѓе, ја гледам кај менаџментот, раководствата, но и погоре во Власта. Оние кои се менаџери во самите институции, но и во министерствата, се тие кои од прва рака го гледаа сето ова што се случуваше, но можеби и им одговарало?..но, каде беа погорните во Власта?!

Дали требаше да дојде до ова дереџе за да се види како проектите беа водени со импровизација и дека досегашниот и иден Премиер го лажат толку перфидно?!

Старите велат ако не милум, тогаш силум сфаќаш некои работи. Мал дел од нас остана секогаш доследен кон развој и напредок на Државата и идеологијата, во меѓувреме не малтретираа, закануваа и оцрнуваа, за да не биде доволно важен нашиот глас пред Груевски, но во ред.... сега со кои лаги ќе се користат за да го залажат повторно дека некој друг е виновен, а не баш тие кои учествувале во цела оваа импровизација на точно зададени задачи, цели и проекти од страна на Груевски? Како сега ќе импровизираат пред Него?

На Груевски му е дадена шанса, последна шанса за да сфати каде бил најголемиот проблем, на него е да го направи долго очекуваниот чекор. На вас чекаме сите овие години почитуван Лидер!

 

На прво место

News image

По пазарот за името, некој мислел дека датумот ќе дојде како подарок

ДИМОВСКИ СЕ ОГЛАСИ НА ФЕЈСБУК: По пазарот за името, некој мислел дека датумот ќе дојде како пода...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.