Петок, 13 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
РАЗЛИКАТА ВО МИСЛА Е ДЕМОКРАТИЈА, АМА ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА Е ВЕЛЕПРЕДАВСТВО

todor

РАЗЛИКАТА ВО МИСЛА Е ДЕМОКРАТИЈА, АМА ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА Е ВЕЛЕПРЕДАВСТВО, СЕГА И ЗАСЕКОГАШ!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Разликата во мисла е демократија, ама промената на името на државата и идентитетот на нацијата не е патриотизам, туку најтешко кривично дело велепредавство, злосторство против човештвото, геноцид врз Македонскиот народ и флагрантно кршење на Уставот и на меѓународното право! Жалосно е, ако и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ договараат композитно име со географска одредница за меѓународна употреба што претставува трајна промена на името на државата и идентитетот на нацијата.

Жалосно е, ако и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ воопшто не размислуваат за безусловен крај на разговорите за разликата за името на државата со јужниот сосед Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и сите меѓународни организации со државното име Македонија, преку Резолуција на есенското заседание на Генералното Собрание!

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ мора да разберат дека ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ треба да знаат дека Македонците отфрлаат референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор заради промена на името на државата! Промената на името на државата значи трајна промена на идентитетот на нацијата - името на Македонскиот народ и името на Македонскиот јазик! Затоа што во меѓународното право, името на националноста по автоматизам произлегува од името на државата.

Македонија беше во една поранешна федерација - Социјалистичка Федеративна Република Југославија, со име на држава, име на народ и име на јазик, реприза на таа историја не ни е потребна! На Македонија не и' треба Брисел како супститут на Белград! На Македонија не и' треба Европската Унија како супститут на поранешна СФР Југославија.

Македонија не треба да членува во ниту еден воен сојуз, па ниту во НАТО!

На светот му треба нов колективен систем на безбедност преку Обдинетите Нации!

Македонија треба да остане неутрална држава со сопствена одбрана!

Македонија треба да воспостави билатерални односи со сите по прашањата од заеднички интерес на принципот на еднаква сувереност!

Македонија треба да гради политики на активен мултилатерализам, од пријатели никогаш доста, во согласност со мултиполарноста на светот и новата геополитичка сцена!

Македонија треба да ги унапредува евро-атлантските интеграции, ама ги преферира и евро-азиските интеграции!

Македонците го отфрлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со ЕУ и НАТО поради антимакедонизмот на Грција, грчкиот геноцид врз Македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Грција за промена на државното име Македонија како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина!

Светот знае дека Брекзит во Велика Британија е почеток на крајот на Европската Унија! Светот знае дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД е почеток на крајот на НАТО! Светот го отфрла британскиот модел на рекомпонирање на границите на Балканот со Голема Хрватска, Голема Србија, Голема Албанија и поделба на Македонија.

На народите во светот им треба крај на Студената војна, нов руско-американски детант и мир и развој!

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Сите Македонци еден за друг! Амин! Амин! Амин!

 

На прво место

News image

По пазарот за името, некој мислел дека датумот ќе дојде како подарок

ДИМОВСКИ СЕ ОГЛАСИ НА ФЕЈСБУК: По пазарот за името, некој мислел дека датумот ќе дојде како пода...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.