Недела, 15 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
Македонци се собраа во поддршка на Трамп
poraka

Македонци се собраа во поддршка на Трамп, бараат крај на мешањето на Сорос

Неколку десетици Македонци од САД се собраа вечерва пред кулата на идниот американски претседател Доналд Трамп во Њујорк, да протестираат против поддршката која претходната американска администрација и амбасадата во Скопје и ја даваат на фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија и нејзините, како што рекоа, деструктивни политики.

“Драг претседателе Трамп, ние, Американците со македонско потекло, ви честитаме на изборот. На нашата матична земја Македонија и е потребна вашата помош. Ве повикуваме да ги заштитите Македонија и македонската демократија од Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос. Преку американската амбасада во Скопје, пари од американските даночни обврзници се даваат за отворено поддржување на радикалните и честопати насилни активисти на Сорос. Администрацијата во заминување, преку амбасадата на САД, направи фондацијата на Сорос да биде главен извршител на проектите на УСАИД и на американската Влада во Македонија. Фондацијата на Сорос е озлогласена по обидите да ги спроведе радикалните политички ставови на овој милијардер. Резултатот на оваа активност беше насилство против македонската полиција и насилни протести во многу македонски градови”, пишува во писмото што собраните Македонци го прочитаа пред кулата на Трамп, во која во изминатите недели се формира идната американска Влада.

soros-s

Причина за протестот се проектите на УСАИД Македонија во областа на медиумите и развојот на граѓанското општество, кои честопати ги спроведува токму Фондацијата на Џорџ Сорос, или организации кои произлегле од неа. Македонците во САД велат дека преку УСАИД, милиони долари на американските даночни обврзници, меѓу кои се и тие, завршиле во рацете на крајно левичарска и радикална организација која ги координира своите активности со политички партии, учествуваше во креирањето на политичката криза, во организирањето на протестите во кои беа повредувани десетици полицајци во екот на мигрантската криза на јужната граница.

soros-s-2

“Ние сме тука во поддршка на независноста на Македонија, членството во НАТО и територијалниот интегритет на Република Македонија”, се вели понатаму во пораката која беше прочитана пред кулата Трамп, а во која се додава и дека Македонците од САД сакаат да се обнови пријателството меѓу двете земји.

soros-s-1

 

На прво место

News image

По пазарот за името, некој мислел дека датумот ќе дојде како подарок

ДИМОВСКИ СЕ ОГЛАСИ НА ФЕЈСБУК: По пазарот за името, некој мислел дека датумот ќе дојде како пода...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.