Среда, 25 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
„Стоп oперација Сорос“ ќе побара од САД ревизија за работата на УСАИД Македонија

stop-operacija-soros

Движењето „Стоп oперација Сорос“ ќе побара од Стејт департментот, Конгресот и Сенатот на САД да се изврши ревизија за работата на УСАИД во Македонија во последните четири години бидејќи, според нив, има значително политизирање и злоупотреба на еден дел од финансиската помош која САД и ја укажуваат на Република Македонија преку УСАИД.

Според „Стоп oперација Сорос“, од февруари 2012 година УСАИД почнале соработка со фондацијата „Отворено општество“, финансирана од Сорос и потпишале договор за проект за развој на граѓанското општество во Македонија во кој како главен изведувач била Фондацијата „Отворено општество“.

- Во декември 2012 година во Македонија започна да се креира кризата со блокирањето на Парламентот од страна на СДСМ кога требаше да биде донесен буџетот на Република Македонија по што следеше и напад на Собранието од страна на СДСМ. Оваа склучена соработка помеѓу УСАИД и СОРОС заврши на 31 август 2016 година, или поточно, во периодот кога завршија протестите на т.н. „Шарена револуција“. Оттука произлегува прашањето, дали соработката помеѓу УСАИД и СОРОС беше наменска и злоупотребена со цел да се создаде длабока политичка и безбедносна криза во Република Македонија?, изјави денеска Никола Србов од Движењето „Стоп операција Сорос“.

Тој посочи дека е најавен нов проект на УСАИД преку организацијата наречена Ист вест менаџмент, која соработува со Фондацијата Отворено Општество.

- Проектот ќе го изведува заедно со фондацијата „Отворено општество Македонија“ и организацијата „Метаморфозис“, која е основана како дел од мрежата на Сорос во Македонија и спроведува значителен дел од неговите медиумски проекти. УСАИД Македонија се реши да одобри нов повеќемилионски проект со фондацијата на Сорос во периодот кога во тек беа изборите во САД. Милионски суми се одобруваат за идни кампањи на Сорос во Македонија, за идно политизирање на невладиниот сектор, за идни насилни протести, и тоа непосредно пред Доналд Трамп да ја преземе претседателската функција во САД. Во истиот проект е ангажирана и организацијата Форум на лица како Сашо Орданоски, Љубомир Фрчкоски и Ѓунер Исмаил, истакна Србов.

Тој додаде дека новата администрација и даночните обврзници во САД треба да знаат дека во изминатиот период преку УСАИД била поддржувана СДСМ со што директно се делувало политички во Македонија, заземајќи страна во политичкиот живот во државата.

Утрински весник

 

На прво место

News image

127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ на протест со автомобили од Скопје кон Штип на Денот на македонската револуционерна бор...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.