Среда, 01 Февруари 2017    Печати
Двајца Велешани на пат кон светска кариера

veles2

Новото музичко дуо се вика Two Macedonians (Двајца Македонци). Петар Марков Маруш - Гитара, Благој Ламњов Ламјата - кларинет. Ова е нивното промотивно видео со наслов Flamenco de Macedonia.

-"Ова видео е снимено во живо, од прва рака, истовремено аудио и видео, без никакво "шминкање" и променување на снимката. Како што звучиме на ова видео исто така звучиме и во живо на концерт" велат Петар и Благој.

Благој Ламњов е докажан музичар од светски рамки кој живее во Шведска. Има настапувано во Јапонија, Кина, САД, Канада и 20тина држави низ Европа.

Петар Марков е млад џез музичар кој студира на музичката академија во Штип но повремено патува за Гетеборг, Шведска, каде што добива часеви од Емил Ернебро, гитарист од светската класа на музичари.

veles1