Четврток, 09 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
Националниот Комитет на МААК го охрабрува претседателот Иванов да го заштити Уставот

maakНационалниот Комитет на МААК ја предупредува македонската јавност дека изјавата на портпаролот на Европската Унија,Маја Коцијанчиќ,е спротивна на Уставот на Република Македонија и единствено има за цел,според планот на поранешниот државен секретар на САД,Џон Кери,одново да ја врати Република Македонија на „линијата на огнот„ доведувајќи ја до работ на граѓанска војна.Ова,бидејќи е повеќе од јасно дека секој обид за погазување на изборната волја на мнозинството од македонскиот народ,со јасно изразена изборна доверба на коалицијата „За подобра Македонија„ предводена од ВМРО ДПМНЕ,ќе биде вовед во таква,несакана,разврска.

Имено,отуѓените од сопствените матични држави,корумпираните бирократи во Брисел,инсталирани таму од обама-клинтоновското разузнавачко-криминално политичко подземје,не ги претставуваат ставовите на државите членки на ЕУ,туку како отуѓена инсталирана врхушка,го продолжуваат обидот за предизвикување нови немирни жаришта и воени судири,како единствена опција на веќе поразената обама-клинтоновска политика.Така,овие корумпирани бриселски инсталации,покрај обидот во Република Македонија да инсталираат Влада спротивно на јасно изразените изборни резултати и спротивно Уставот на Република Македонија,го поттикнуваат и насилството на истокот на Украина и започнуваат со дестабилизација на Босна и Херцеговина.

Тоа е нивниот последен,очајнички обид,да го оневозможат започнатото затоплување на односите меѓу САД и Руската Федерација,но и меѓу државите членки на ЕУ поединечно со Руската Федерација,со што,би го вратиле светот во обама-клинтоновската ера на судири,нестабилност и нови жаришта во обид да предизвикаат воена катастрофа од пошироки размери.

Токму затоа,Националниот Комитет на МААК го охрабрува претседателот Иванов да го заштити Уставот и уставните одредби на Република Македонија,не потклекнувајќи пред уцените,заканите и притисоците од страна на инсталираните корумпирани бирократи од Брисел,чиј крај се наѕира,со што ќе ги оневозможи нивните веќе двегодишни планови за дестабилизација на Република Македонија и нејзино враќање на „линијата на огнот„ и недвосмислено ќе придонесе во воспоставување на новите меѓународни односи на пријателство и соработка.

Истовремено,Националниот Комитет на МААК го задолжи претседателот на партијата,доколку се јави потреба,да го повика членството,симпатизерите и сите добронамерни граѓани на Република Македонија,во одбрана на Уставот и уставните одредби и во одбрана на изборните резултати и начинот за формирање Влада произлезени од нив,а против обидот за насилно инсталирање на Влада,спротивно на јасно изразената изборна волја на 11-ти декември минатата година.

НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ НА МААК

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

СВЕЧЕНО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1978 ГОДИНА (22)

ДЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (38)

ТЕСАЛСКО-ПЕЛОПОНЕШКА МИТОЛОГИЈА ЗА ХЕРАКЛЕ (ХЕРАКЛЕВИТЕ ПАТУВАЊА ВО ХИПЕРБОРЕЈА И...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.