Четврток, 09 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО АМБАСАДОРОТ НА ЕУ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА САМУЕЛ ЖБОГАР

Ваша Екселенцијо, Господине амбасадоре Жбогар,

mkd-306544

Повод за моево обракање до Вас како шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија се бесконечните блокади на нашата државна граница од страна на членката на ЕУ Република Грција.

Поминаа веќе десетина дена колку што трае наводното незадоволство на грчките земјоделци искажано со блокирање на граничниот премин Богородица/Евзони, а не чувме ниту видовме било каква реакција од Вас, лично, како дипломатски претставник на Европската унија во Република Македонија, ниту пак од било кој амбасадор од земјите од ЕУ во нашата земја. Тотален молк од вашата - Европската страна!? Навистина чудно до ниво на апсурдност.

Екселенцијо, амб. Жбогар, не е прв пат Грција да ни подметнува вакви провокации што и нанесуваат огромни штети на македонската економија! Циклично, во определени периоди границата се затвора те заради наводен штрајк на грчките цариници, те заради "пад" на компјутерскиот систем, те заради штрајк на земјоделците, полицајците и што се не ке измислат се со цел да ни го згорчуваат животот со свесно конструирани блокади на границата.

Грчкото изживување е посебено драматично во овој период, кога е загрозено дистрибуирањето на горива во екот на зимската сезона која оваа година ја карактеризираа особено ниски температури и кога во Солунското пристаниште чекаат за транспорт во Македонија десетгици и десетици илјади тони разна стока. Но таквиот однос од грчка страна со блокадите на границата е посебно драматичен во летните месеци кога на пеколни горештини се држат цели семејства со мали деца со саати на граница поради некоја од горенаведените причини.

Амбасадоре, само наивни можат да поверуваат дека сегашната блокада е заради незадоволство на грчките земјоделци. Кристално јасно е дека се работи за политички притисок завиткан во обланда на некакво незадоволство. Граничните блокади се само за да се направи дополнителн притисок на нашата земја од страна на членка на ЕУ, а со некои потези од Брисел и дирекно од ЕУ, Република Македонија да потклекне и да ги прифати болните и сулуди намери да не прекрсувате и одродувате.

Впрочем, најотворено ве прашувам: зошто незадоволниците во грчкото општество (земјоделци, цариници, полицајци, граничари...) не го изразуваат својот гнев на граничните премини на Вашата членка Грција кон Албанија, Бугарија, или далеку било кон Република Турција (таму лошо ке поминат, зарем не?), туку само кон нашата земја? Мислам дека и самите сте свесни и не треба да Ви објаснувам ЗОШТО, нели!?

Дали некој од присутните амбасадори на членките на ЕУ во Република Македонија, а и бирократите во Брисел некогаш помислуваат на фактот дека грчките блокади се брутално нарушување на една од темелните вредности на самата ЕУ, а тоа е слободната комуникација на лугје, идеи и стоки меѓу земјите и народите? Очигледно, судејки по Вашето однесување и индиферентност, но и однесувањето на другите амбасадори на членките на ЕУ во Македонија, НЕ Е!

Амбасадоре Жбогар, во последно време интензивно крстарите низ Македонија, го посетивте Прилеп, па Радовиш, што е за поздравување, но добро е и самиот да појдите малку на југот од нашата земја, на граничниот премин Богородица и да видите лично што се случува таму. Од македонска страна ке видите полицајци од повеке ЕУ членки (Австрија, Унгарија, Словачка, Чешка....) кои будно ја блокираат балканстата емигрантска рута, чувајки ја на тој начин и Вашата земја, Словенија, но од спротивната страна на границата е грдата слика што ни ја приредува членка на организацијата што вие ја претставувате во Република Македонија.

Мора да се признае, економски штети трпат поединци и компании и во Грција, но нив мува не ги лази, тука е Европската унија, особено Германија, кои како на притисок на копче, кога ке им затреба на Грците, ке истурат десетици милијарди евра.

Не знам дали во делокругот на Вашата мисија во Македонија се проблеми со блокадите на границата за коишто Ви се обракам, но би било добро за Вашата професионална кариера, но пред се на субјектите погодени од ваквото нецивилизирано однесување на членка на ЕУ, некој во Брисел конечно за реагира на овие проблеми.

Знам, ЕУ се соочува со големи главоболки заради Британскиот Егзит, а особено по изборот на г. Доналд Трамп за претседател на САД, но некои порашања не смејат да се стават под тепих бидејки не може да се предвиди до кој степен можат да ескалираат работите.

Екселенцио, амбасадоре Жбогар, се надевам дека наместо да наметнувате модели каква влада и треба на Македонија (тоа е стриктно н а ш а работа, а не на ЕУ), дека барем малку ке се посветите и на темата за блокадите на границата.

Воедно, Ве замолувам моево јавно обракање, па сватете го и како личен протест, да го пренесите на Г-ѓица Могерини (не знам дали италијанскиот амбасадор во Македонија нешто сторил до сега на тој план), како и на г. Јоханес Хан, па чунки некој во Брисел конечно ќе свати што се провоцира една Вашата членка на "брдовитиот Балкан“.

Со должна почит,

М-р Мартин Треневски, поранешен амбасадор на Република Македонија во Шведска, Норвешка, Финска, Естонија и НАТО, Поранешен Министер во две демократски влади во независна Македонија.

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

СВЕЧЕНО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1978 ГОДИНА (22)

ДЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (38)

ТЕСАЛСКО-ПЕЛОПОНЕШКА МИТОЛОГИЈА ЗА ХЕРАКЛЕ (ХЕРАКЛЕВИТЕ ПАТУВАЊА ВО ХИПЕРБОРЕЈА И...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.