|
||||
Научникот кој докажа дека Билазора си била Бела Зора |
Целата македонска јавност е запознаена со постоењето на археолошкиот локалитет Билазора до Свети Николе, престолнината на независните Пајонци. Место за кое со години народот се чуди зошто не е Бела Зора, како што личи на нашиот јазик. Официјалниот став на македонската наука, како и описот на овој локалитет во археолошката карта, книгите, публикациите и на изложбите со артефакти, е дека името е Билазора, според Bylazora. За ова Никола Ристевски, научник од Овче Поле на неговата страница www.nikolaristevski.com пишува: „Денешното именување на археолошкиот локалитет Билазора наидува кај чудење кај многу посетители на кои самото име им звучи како нашиот, македонски израз – Бела Зора. Официјалната македонска наука го има прифатено латинското, римското и грчкото именување на многу места, и не остава простор за враќање на вистинските имиња, што можеби би предизвикало промени кон подобро и напредок во научните истражувања. Вака, звучи нешто како „…си била некогаш една Бела Зора, но одамна не е Бела, туку Билазора…”, и на езотерично ниво во догледно време не може да се види враќање на сјајот од оваа древна цивилизација и нејзиниот главен град – Бела Зора, се додека истиот го именуваме со туѓото – Билазора. Било Градиштето кај Кнежје навистина Бела Зора или не, време е овој локалитет да почне да се именува со македонското име – Бела Зора.“ Понатаму наведува делови од многу стари книги од целиот Балкан, во кои што се потврдува она што македонскиот народ го говори со години - Бела Зора.
Прочитајте го текстот на Никола Ристевски - Ни Byla, ни Била, туку е Бела Зора. http://nikolaristevski.com/bela-zora-a-ne-bilazora-bylazora/ Ристевски е долгогодишен истражувач на природните ресурси и културното наследство на Овче Поле, член на меѓународниот научен тим Super Brain Research Group и соработник на Институтот за Култура и Уметност при МСУ. Сопственик и уредник на страницата ЛОЗА www.loza.mk, автор на книгата Имагинариум. Минатата година беше одговорен за промоција на археолошкиот локалитет на Градиштето до селото Кнежје во Овче Поле, каде што се претпоставува дека се наоѓа древниот Пајонски град Бела Зора. www.bylazora.mk Ги иницираше првите архео - акустични мерења на геоглифот во Овче Поле, по што со Super Brain Research Group објавија три научни трудови во меѓународната научна литература. www.sbresearchgroup.eu Наскоро ќе биде објавено и второто печатено издание на Ристевски, големиот Зборник за Овче Поле. Никола Ристевски |