Среда, 22 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ (11 дел)

Автор: МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

СУДБИНАТА НА ЕВРЕИТЕ ВО ИТАЛИЈАНСКАТА ОКУПАЦИОНА ЗОНА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА

holocaust12

За разлика од бројот наа Евреи во делот од Македонија што потпадна под бугарска фашистичка окупација, во западна Македонија што се најде под окупација на фашистичка Италија немало многу Евреи. Се до капитулацијата на фашистичка Италија на 8 септември 1943 година, против Евреите не се превземале никакви мерки. Поради толерантниот став на италијанската окупациона власт, по окупацијата на вардарска Македонија и нејзиното распарчување на бугарска (две третини од територијата) и италијанска (една третина од територијата), многу Евреи од германската и бугарската окупациона зона пребегнаа во италијанската окупациона она. Овде, во западна Македонија под владение на Италија, Евреите не морале да носат "Давидова ѕвезда", ниту да ги обележуваат своите куќи и дуќани.

До сега историската наука не познава ниту еден закон, пропис или локален акт издаден од италијанската окупациона власт во западна Македонија со антиеврејска содржина. Се разбира, повремено имало апсења на Евреи кои биле припадници на отпорот или комунисти.

Меѓунаслов: ЛИКВИДАЦИЈА НА ИМОТОТ НА ДЕПОРТИРАНИТЕ ЕВРЕИ

Бугарските "ослободители" како гладни ѕверови се нафрлија на она што остана од имотот на депортираните евреи од Македонија. Со решение на Министерскиот совет /владата/ бр. 126 од 2 март 1943 година, одлучено е да се ликвидира целокупниот имот нма депортираните Евреи што до тогаш останал неконфискуван. Недвижниот имот останал во сопственост на државата, а подвижниот било предвидено да биде продаден на лицитација, а приходите да му припаднат на Комесаријатот за еврејски прашања, односно на Народната банка на Бугарија.

Неколку дена по собирањето на македонските Евреи во логорот во скопскиот Монопол започнала ликвидацијата на нивниот подвижен имот. Специјални комисии оделе од куќа во куќа за да ги попишуваат работите предметите, храната и се друго што преостанало од имотот на Евреите. Повредните работи ги собирале во посебни магацини, а подоцна подоцна ги дистрибуирале во разни владини установи или биле продавани.

Меѓутоа, пред секоја лицитација имотот на Евреите бил многу студиозно "прочешлан", при што не биле ретки случаите претставници на официјалната власт да учествуваат во разграбувањето и пљачкосувањето и покрај грабежот на пари, накит и драгоцености при депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта треблинка.

Сочуван е еден документ на бугарската криминална служба бр. 2.015 од 29 јуни 1943 година во којшто се вели дека изнесувањето предмети од некоја еврејска куќа е извршено од приладници на бугарската полиција. Во документ бр. 2.407 од 29 јули 1943 година забележено е дека печатите од одредена еврејска куќа биле скршени од полицијата,  а "оружејникот"  (војникот) Славчо Стоилов е казнет од својата полициска управа со одземање на една четвртина од неговата плата и обврска да ги врати украдените предмети: една печка, една пружина, две наткасни, три чаршафи, три перници и едно ѕидно огледало.

Оригиналите на двата цитирани документи се чуваат денес во државниот архив на Македонија.

Од ликвидацијата на имотот на македонските евреи биле добиениу вкупно 33.112.714 лева.

 

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

СВЕЧЕНО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1978 ГОДИНА (22)

ДЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (38)

ТЕСАЛСКО-ПЕЛОПОНЕШКА МИТОЛОГИЈА ЗА ХЕРАКЛЕ (ХЕРАКЛЕВИТЕ ПАТУВАЊА ВО ХИПЕРБОРЕЈА И...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.