Среда, 22 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
„АЛБАНСКАТА ПЛАТФОРМА“ Е ПОЛИТИЧКА МАНИПУЛАЦИЈА НА ДУИ

todor-petrov
Пишува Тодор ПЕТРОВ

Таканаречената "албанска платформа" се разбира е грубо мешање на Тирана во внатрешните работи на Македонија. Очигледно е дека Еди Рама ја губи довербата во Албанија, популистички му беа потребни Албанците од Македонија во Тирана во демонстрацијата на политикантскиот патернализам. Но, повеќе од сигурно е дека "албанската платформа" претставува политичка манипулација на ДУИ заради изгубената доверба од избирачите пред локалните избори, освен лаги веќе друго и не може да им понуди. "Албанската платформа" на Албанците не им носи подобар живот, вработување, работа, пензии, инфраструктура, образование, здравство, култура...

На вонредните парламентарни избори од 11 и 25 декември 2016 година најголем губитник беше ДУИ, од 153.000 спадна на 85.000 гласа, изгуби цели 80.000 гласа и 10 пратенички места. Приоритет им беше двојазичноста на целата територија на државата и измена на членот 7 "македонскиот и албанскиот јазик се службени јазици во Република Македонија".

Заканата на Зијадин Села беше или двојазичност или формираме паралелно Собрание на Албанците во Македонија.

На 20 февруари 2017 година ДУИ очекувано ретерира, вели: "ДУИ останува на ставот дека нашиот предлог не излегува од рамките на Уставот и Рамковниот договор. Ние не бараме двојазичност на целата територија, туку само практична примена на албанскиот јазик каде што живеат над 20% од оваа популација." За волја на вистината, практичната примена и на албанскиот јазик е уредена со Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа од 13 август 2008 година.

Охридскиот рамковен договор е целосно имплементиран во Уставот и законите, а со него, Албанците со помалку од 15% во вкупното население станаа најпривилегирано малцинство во светот. И тоа е максимум што може, повеќе нема да добијат.

Се разбира, ниту СДСМ им испорача на Албанците тоа што им вети. Само џабе се прогласи за албанска партија поради 60.000 албански гласа, кои гласаа за двојазичност а не оти очекуваа дека Зоран Заев ќе им гради водовод и фекална канализација во местата каде што живеат.

Евентуална коалиција ДУИ - СДСМ ќе ги однесе и двете партии најбрзо до Бутел.

Пишува Тодор ПЕТРОВ

 

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

СВЕЧЕНО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1978 ГОДИНА (22)

ДЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (38)

ТЕСАЛСКО-ПЕЛОПОНЕШКА МИТОЛОГИЈА ЗА ХЕРАКЛЕ (ХЕРАКЛЕВИТЕ ПАТУВАЊА ВО ХИПЕРБОРЕЈА И...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.