Недела, 26 Февруари 2017    Печати
АПЕЛ ЗА МИРНА РАЗВРСКА НА КРИЗАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Grb 3СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

АПЕЛ ЗА МИРНА РАЗВРСКА НА КРИЗАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

26 февруари 2017 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува сериозна загриженост на Македонците во светот за политичката криза во Македонија и апелира на уставност и законитост!

СМК бара Претседателот на Републиката да изјави дека неговите овластувања во согласност со членот 90 од Уставот се исцрпени и да ги упати пратениците на распуштање заради организирање на нови парламентарни избори!

СМК ги повикува пратениците да предложат и донесат одлука за распуштање, со претходен избор на претседател или тројца потпретседатели кои ќе го потпишат решението за распишување на локалните и нови парламентарни избори!

СМК ги предупредува пратениците да не ги суспендираат локалните избори поради неизбор на претседател на Собранието кој има овластување за нивно распишување!

СМК ги одвраќа пратениците од избор на Влада без доверен мандат од претседателот на Републиката, како злоупотреба на службената должност и самовластие.

СМК, уште еднаш, со индигнација ја отфрла таканаречената “албанска платформа“ којашто претставува грубо мешање на Тирана во внатрешните работи на Македонија и ултимативно барање за состав на коалициона влада во спротивност со Уставот.

СМК отфрла редефинирање на уставноста и државноста, двојазичност на целата територија и функционална федерализација, со цел територијална дезинтеграција.

СМК ги повикува Албанците да отфрлат авантура за војна со Македонците, бидејќи може се’ да изгубат, а нема ништо повеќе од тоа што досега го имаат, да добијат!

СМК смета дека Законот за употребата на јазиците на малцинските заедници, донесен во 2008 година, претставува најширока основа за остварување на јазичните права во согласност со членот 7 од Уставот.

СМК отфрла меѓународна арбитража за политичката криза во Македонија!

СМК ги повикува Руската Фдерација и Кина, како постојани земји членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации, да го заштитат суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, доколку ЕУ и НАТО ја дестабилизираат со цел рекомпонирање на власта заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК ги повикува Соединетите Американски Држави, врз принципите на еднаква сувереност и немешање во внатрешните работи, да ги одвратат силите кои провоцираат дестабилизација, контролирана нестабилност и војна во Македонија!

СМК бара американскиот претседател Доналд Трамп веднаш и безусловно да го повлече амбасадорот Џес Бејли, поради негово инволвирање во мрежата на мизантропот Џорџ Сорос во обидите за дестабилизација на Македонија!