Понеделник, 27 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
МАНИПУЛАЦИИТЕ НА СДСМ СО ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ НА МАЛЦИНСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Законот за употреба на јазиците на малцинските заедници, како обврска од Охридскиот рамковен договор, Собранието го донесе во 2008 година. Го гласаа пратениците од сите партии: и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ и од ДУИ и од ДПА... Тогаш имаше коалициона Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Ако ВМРО-ДПМНЕ со овој закон им дал "двојазичност" на Албанците, како што некои велат, тогаш зошто е потребен нов Закон за употреба на јазиците на малцинските заедници и во 2017 како услов на ДУИ за формирање Влада со СДСМ? Впрочем, услов на ДУИ за владина коалиција беше двојазичност на целата територија и промена на став 1 од членот 7 на Уставот којшто бараа да гласи "1. На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службени јазици се македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото латинично писмо."

А, Уставот е ист и во 2008 и во 2017 година.

Меѓутоа, СДСМ подготвува друга игра. Еве за каква манипулација станува збор и како тоа треба да се изведе.

Со амандманот V на членот 7 став 2 од Уставот е утврдено дека "Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член."

Уставот и членот 7 од Уставот се менуваат со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во кои мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.

Во членот 7 став 5 од Уставот се вели: "Во органите на државната власт во Република Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со закон."

Закон за употребата на јазиците на малцинските заедници веќе е донесен во 2008 година со согласност на сите пратеници и тој претставува најширока основа за јазичните права на малцинските заедници.

Но, за несреќата да биде поголема, овој закон се донесува со најмалку 40 гласа, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Одлучувањето во Собранието е уредено со амандманот X на членот 69, којшто гласи: "1. Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.

2. За закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Спорот во врска со примената на оваа одредба го решава Комитетот за односи меѓу заедниците."

Собранието со гласовите на СДСМ, ДУИ, ДПА, БЕСА и Алијанса за Албанците ќе го донесе Законот, со образложение на предлагачот дека Законот е во согласност со Уставот, а сите кои сметаат дека Законот ги крши одредбите на членот 7 од Уставот ќе бидат упатени на Уставниот суд на Македонија. Знаејќи како тој суд функционира, веќе ја видовме неговата ажурност по иницијативата од октомври 2015 година за поништување на Законот за специјалното јавно обвинителство, само Господ знае кога уставните судии ќе постапат по било чија иницијатива за оценка на уставноста на Законот за употребата на малцинските заедници. Ако во меѓувреме се остварат материјалните одредби од тој Закон, а може експресно се' да се спроведе, отпосле, многу тешко во праксата нешто може да се врати во претходна состојба.

Дополнителна замка во која ќе падне Собранието при донесувањето на овој Закон е суспензијата на Собранието во општата и амандманска расправа. Имено, претходно пратениците донеле некој неуставен договор, закони што се преземаат од Европското законодавство и се во согласност или по барање на Европската Унија, да се носат без општа и амандманска расправа, обележани со европско знаменце. Законот за употребата на јазиците на малцинските заедници СДСМ ќе го предложи со европско знаменце, со што автоматски исклучува општа и амандманска расправа, тие закони се носат по итна постапка. Целта е да се исклучи ВМРО-ДПМНЕ од општата и амандманска расправа и спречи блокадата за донесување на овој закон, исто како што тоа досега го правеа пратениците на СДСМ и ДУИ со други закони.

Класична злоупотреба на демократијата. Ама, последиците се далекусежни и неповратни и ќе се товар на сите... И се' за помалку од 15% од вкупното население на Македонија...

На крајот на краиштата, ирелевантни се и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и ДУИ и ДПА ако се суспендира унитарноста и државноста, ако се загрозува македонскиот јазичен простор во државата Македонија.

Пуста страст за власт и сласт за моќ и пари ...

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

СВЕЧЕНО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1978 ГОДИНА (22)

ДЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (38)

ТЕСАЛСКО-ПЕЛОПОНЕШКА МИТОЛОГИЈА ЗА ХЕРАКЛЕ (ХЕРАКЛЕВИТЕ ПАТУВАЊА ВО ХИПЕРБОРЕЈА И...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.