Среда, 01 Март 2017    Печати
Адвокат со Градоначалнички амбиции

zarko-i-marjan

Во градот под Марковите кули постои еден нецивилизиран адвокат кој во последните 2-3 години животна опсесија му претставува да поднесува кривични пријави против актуелниот татко на градот Марјан Ристески.

Сигурно адвокатот за кој во оваа прилика не сакам ниту името да му го споменам нема доволен број на клиенти за да истите ги застапува по судските инстанци ширум нашата земја од една и со кривичните тужби притив градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески сака на истиот да му го намали неговиот висок рејтинг кој го има кај своето доминицилно население.

Исто така, нецивилизираниот адвокат беше во првите "борбени редови" на т.н."шарена револуција" каде под плаштот на нерегистрираното здружение Протестирам и под слоганот "Нема правда нема мир" маршираа по улиците низ градот Херој Прилепо со своите реквизити со мрсна боја и јајца направија голема материдална штета на надворешната фасада на новата општинска зграда во градот под Марковите кули.

Во оваа прилика само да го потсетам нецивилизираниот адвокат дека локалната зграда е градена со средства од локалниот буџет каде секој негов сограѓанин по разни даноци и давачки има придонесено да се изгради прекрасниот грандиозен објект кој всушност е репрезент од највисоко значење за градот. Имено, при секоја посета на дипломатскиот кор во нашата земја, домашни и странски претприемачи, домашни и странски туристи приоритетни места за посета е токму Локалната самоуправа каде што Кабинетот на таткото на градот.

Не мо.же  за еден нецивилизиран адвокат во пакет да бидат ставени прилепчани како некултурен народ.

Во едно цивилизирано општество каде демократијата е на прво место различните мислења за било каков проблем да станува збор, и тоа, од локалнен, регионален или државен карактер се води со дијалог меѓу спротивставените страни.

Во некои случаи може да има и искажување на незадоволството по улиците. Но тоа, да бкде уредно пријавено кај органите за ред и мир и самите учесници во една мирна атмосфера без уништување на материјалните добра да го искажат своето незадоволство.

На крајот од ова мое писмо се плашам да не нецивилизираниот адвокат спроведува некоја политичка агенда со цел да го привлече вниманието на обичниот граѓанин и како негов душегрижник да го побара неговиот глас за татко на градот на следните редовни локални извори кои ќе се одржат за брзо време во плурална Македонија.

Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп