Среда, 01 Март 2017    Печати
Заев не смее да добие мандат доколку не се откаже од албанската платформа!

Македонска нација

zaev-ivanov

Лидерот на СДСМ Зоран Заев му ги достави на претседателот Ѓорѓе Иванов потписи од 67 пратеници од СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците, со што докажува дека има обезбедено парламентарно мнозинство. Во кусата изјава која ја даде Заев рече дека ова е историски ден за Република Македонија и очекува Иванов да му го врачи мандатот за формирање влада, притоа порачувајќи им на граѓаните дека следува мирен трансфер на власта.

Лидерот на СДСМ е сосема во право кога вели дека ова е историски ден кој ќе се забележи во историјата на Македонија. Но овој ден ќе се забележи како уште едно големо предавство извршено од Македонец, кој заради личните интереси ја одби понудата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски за создавање на македонски блок од 100 пратеници кои би се спротивставиле на уцените и барањата изнесени во платформата од Тирана.

Зоран Заев не ја прифати ни понудата на Груевски, иако тој дури е спремен да биде уапсен, затворен и да му се суди, само доколку СДСМ прифати формирање на македонски блок се со вел тој да се откаже од воведување двојазичност на целата терорија и да ја отфрли платформата од Тирана чие спроведување значи редефинирање и разнебитување на државата.

За разлика од Груевски кој покажа дека државничките интереси му се пред се, на Заев изгледа ништо не му е свето. Лидерот на СДСМ заради свои и теснопартиски интереси прифати договор со албански партиии за спроведување на платформата од Тирана со кој се рушат темелите на македонската држава. Меѓутоа, лидерот на СДСМ се лаже ако мисли дека доколку и го добие мандатот за формирање на Влада ќе следува мирен период на трансфер на власта.

Алармот е вклучен. Македонците и другите припадници на етничките заедници (Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци) се гневни на одлуката на СДСМ да ја прифати платформата од Тирана со која се врши директен удар врз државните и националните интереси.  

Согледувајќи дека државата се распаѓа поради разиденоетоста на македонскиот политички блок, народот е спремен самоинцијативно да застане во одбрана на државата. Засега повеќе илјади граѓани на мирни протести порачаа дека се против прифаќањето на албанската платформа од страна на Зоран Заев. Масовноста на протестите од ден на ден расте.

Сепак, народот сеуште верува во институциите на државата. Тој верува дека тие ќе го спречат Зоран Заев во неговата намера да го прекрши Уставот и да ја спроведе албанска платформа со која се нарушува унитарноста и се федерализира Македонија. Тие бараат заштита и од претседателот Иванов, како што вети. Но доколку под разни уцени, закани за војна, Зора Заев го добие мандатот и во Собранието биде избран за премиер, без притоа да се откаже од наметната платформа од Тирана, тогаш неминовно тој ќе ги превземе работите во свои раце, а мирните демонстрации против деструктивната политика на СДСМ, лесно може да ескалираат.  

Реакцијата на обичниот народот, но и изјавите на голем број интелектуалци кои јавно се изјаснија против редефинирање на земјата, ги изненадија надворешните поддржувачи на Зоран Заев. Тие сметаа дека со негова помош и на другите домашни колаборационисти инсталирани во Соросовите структури, како и со комбинирани активности на специјалната војна, во кои спаѓаат: дескридетирање на водечки политичари носители на власта, парализирање на инстуциите, економски блокади, уфрлање на диверзански групи и друго; дека ќе го деморализираа народот и дека конечно ќе прифати да го смени името.

Меѓутоа, проценките на надворешниот фактор кој сака македонскиот народ и држава да исчезнат од картата на Европа не се остварија. Тие заборавија дека овој народ има многу видено и многу искусено за да може така лесно да биде прелажан. Исто така заборавија дека кога најмалку се очекува народот може спонтано да се организира и жестоко да реагира кога чуствува дека е изманипулиран и дека е доведено во прашање неговото име и опстанок на државата.  

Во меѓувреме, исплашени, дека народот може да им го спречи спроведувњето на антимакедонскиот проект, иако вети дека нема да се меша, меѓународната заедница одново реагира барајќи Иванов да му го даде што побргу мандатот на Заев.

Меѓутоа, дојде време кога предавничката клика, таа која го продаде името и знамето, таа која му го одзеде достоинството на македонскиот народ оставајќи ги без работа и која сега сака да ја продадат земјата, да плати за своите гревови. Единствено  што може да ги извлече од сите гревови кои досега ги направија е СДСМ да ја прифати понудата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Доколку СДСМ не се предомисли, претседателот Иванов не смее да му го довери мандатот на Заев, кој ја води земјата во пропаст.