Среда, 01 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
Ништожник е оној кој има подобар пријател од Татковината

slikaОтворено писмо до:

Ѓорѓе Иванов, претседател на Република Македонија;

Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ;

Зоран Заев, лидерот на СДСМ.

„Ништожник е оној кој има подобар пријател од Татковината“- Сафоколе

Почитувани,

Ви пишуваме во име на членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, а го искажуваме мислењето и барањето на Македонците од Австралија. Во нашата асоцијација членуваат повеќе од 350 лица, истата постои 39 години и активно е вклучена во зачувувањето, одгледувањето и промовирањето на македонскиот јазик и литераура. Досега имаме издадено 76 наслови воглавно историска литература преку која го штитиме националниот интерес на Македонија и активо сме вклучени во борбата за зачувување на македонскиот идентитет во дијаспората во одбрана на притисоците од шовинистичките влади на Грција, Бугарија, Србија и Албанија.

Крајно загрижени сме за иднината на Македонија, а не се мешаме во платформите на македонските политичките партии. Македонците се огорчени од несовесното однесување на македонските политички партии кои се обземени од политичкото слепило и личните интереси и си играат со македонските национални интереси со цел да се уништи македонскиот јазик и самата држава.

Оние партии, а посебно албанските, кои се сремат кон некаква федерализација имаат само една цел, да ја уништат македонската државност и нација. Мора еднаш засекогаш да им се стави крај на попуштањата и договарањата кои се на наша штета.

Доколку жителите во Македонија кои се од друга националност не покажат лојалност и се сремат да ја уништат македонската држава тогаш истите треба под итно да ја напуштат Републиката, да се вратат во своите матични земји каде нивните национални права се веќе загарантирани. Едноставно, оној кој работи против македонската државност не треба да има право да живее во Република Македонија. Рамковиот договор, како и менувањето на македонското знаме и прифаќање на привремено име имаа цел да им се оствари сонот на соседите, а најжалосно е тоа што сега повторно се поставува ултиматум за менување на химната и уставот, значи некои македонски политичари си ја продаваат душата само да дојдат на власт.

Бараме да не го давате она што е макотрпно и со големи жртви создадено, бидејќи историјата во иднина нема вас да ве суди туку ние сега ќе ве судиме.

Застанете зад македонските интереси, престанете да давате отстапки за туѓи интереси и престанете да примате совети од странски тутори кои не ја почитуваат нашата државност со тоа што се мешаат во внатрешното уредување на државата.

Ние не можеме повеќе да трпиме и молчиме кога ни се посега по нашиот идентитет.

Дијаспората од вас бара зрелост и одлучност, а најповеќе водечка улога во зачувување на нашата државност и нација.

Со особена почит и со надеж дека ќе ги штитите интересите на сите Македонци без разлика каде живеат.

Од името на членовите на

Македонско Литературно Друштво

„Григор Прличев“

P.O. Box 227 Rockdale NSW 2216 - Australia

26.02.2017

Претседател

Душан Ристевски

 

На прво место

News image

Виктор Грозданов: Царот е гол!

Фудбалската репрезентација на Северна Кореја успеа да се пласира на светското првенс...

Историја

News image

Словенското писмо го изучив од татко ми Димитрија Македонски, зашто сме Македонци (1846 година)

„Да се знае кога  селаните од моето родно с. Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител ...

Иселеници

News image

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

Култура и туризам

News image

Одење по невестата во Зубовце

Во неделата наутро, младиот девер, со зојачката карта и со тапаните оди да ги покани кумот и старосв...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (56)

ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМИТЕ „ХЕЛЕНИЗАМ“ И „МАКЕДОНИЗАМ“

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.