Четврток, 02 Март 2017    Печати
НАРОДОТ, ЈАЗИКОТ, ТЕРИТОРИЈАТА И ГРАНИЦАТА - БЕЛЕЗИ НА УНИТАРНОСТА НА ДРЖАВАТА!

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Во членот 3 од Уставот се вели: “Територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива!“

Во членот 7 став 1 од Уставот се вели: “На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо!“

Затоа Македонија е унитарна држава!

Унитарноста на државноста подразбира неделивост и неотуѓивост на територијата, неповредливост на границата и Македонскиот јазик како службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи!

Македонскиот јазик не е еден од многуте јазици во државата Македонија, туку еден и единствен службен јазик на целата нејзина територија и во нејзините меѓународни односи!

Македонскиот јазик е гаранција за унитарноста на државата Македонија!

Ниту еден друг јазик не е службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, освен Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо!

Уставот не предвидува повеќејазичност на целата територија и во меѓународните односи. Злоупотребите на членот 7 од Уставот не претставуваат основа за нивно санкционирање со Закон како правило!

Секој обид за дерогирање на Уставот или негова суспензија со Закон по прашањето за јазичните права уредени со членот 7 од Уставот води кон функционална федерализација, којашто неизбежно генерира територијална дезинтеграција.

Да беше поинаку, немаше на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов да реагираат и премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Косово Хашим Тачи, дека “Албанците се државотворен народ во Македонија“.

Македонците не се една од повеќето заедници во државата Македонија. Македонците се еден и единствен државотворен народ во државата Македонија! И токму поради тоа само Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е еден и единствен службен јазик на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи! Ова не ги дискриминира останатите, напротив поради тоа, сите, независно од етничкото потекло и верското уверување се еднакви пред Уставот и законите!

Македонија е држава како и сите во светот! Или ќе бидеме како и другите, или ќе не нема!

Никому нема да биде дозволено со унитарноста да експериментира!

Законот за употребата на јазиците на малцинските заедници донесен во 2008 година, претставува најширока основа за остварување на јазичните права во согласност со членот 7 од Уставот на Македонија! Заради уставност во државата, и ред и мир во општеството, СДСМ мора да се откаже од донесувањето на нов Закон за употребата на јазиците на малцинските заедници, затоа што се’ повеќе од она од 2008 година, ќе ги суспендира Уставот, мирот и унитарноста на државата Македонија!

И затоа и членот 28 од Уставот: “Одбраната на Република Македонија е право и должност на секој граѓанин!“ и членот 123 од Уставот: “Никој нема право да признае окупација на Република Македонија или на нејзин дел!“

Амин!