Сабота, 04 Март 2017    Печати
КОЈ ПОСАКУВА УКРАИНСКО СЦЕНАРИО ВО МАКЕДОНИЈА?

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на 13 април минатата 2016 година, гостувајќи во емисијата Топ Тема на ТВ ТЕЛМА, после одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција, најави украинско сценарио во Македонија, https://www.youtube.com/watch?v=7ozc8AvRVTU

На прашање на водителот дали одлуката на претседателот постави темели за украинско сценарио, Зоран Заев одговори:

- Па, може така да се каже, постави сериозни темели и за украинско сценарио во Македонија.

На едно вакво крваво сценарио повика и неговиот соработник Зоран Верушевски, осомничен во случајот ПУЧ, во којшто за тешко дело се третираше и Зоран Заев.

- Ќе биде најверојатно граѓанска војна, - рече Зоран Верушевски.

И Али Ахмети во неговото годишно обраќање уште на 25 декември 2014 година спомна дека на Македонија може да и’ се случи украинско сценарио, ако не се деблокира евро-интеграцискиот процес. Ахмети притоа рече дека Украина и не е толку далеку, а тамошните етнички и идеолошки несогласувања тој ги спореди со околностите во Македонија, како што јави телевизијата Алсат-М.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на 2 март 2017 година, гостувајќи во емисија на НОВА ТВ, повторно го спомна украинското сценарио:

“Кога јас велев дека Македонија не е далеку од Украина, некои дури и се пошегуваа со тоа, но ова е регион во кој пред 20 години имаше крвави војни... Ние живееме во регион во кој сѐ уште има неисушена крв врз земјата. Живееме во регион којшто се’ уште има исчезнати лица. Живееме во регион во којшто се’ уште се слуша плачот на мајките, и не треба да се потцени ниту една ситуација. Токму ова ме наведе да кажам дека треба да внимаваме сите, и сите внимателно да се замислиме. Украина не е далеку. Република Македонија е на крстопат, каде што многу лесно може да дојде до тензии и јас не сакам ниту една политичка партија да даде придонес за да се запали оваа држава“, - рече Ахмети.

Најверојатно некому одговара украинското сценарио во Македонија, пред се’, на тие кои во очај се далеку од демократијата, кога ја губат довербата... колаборационисти и неоврховсти... Впрочем, најгласни се давеници, да можат цел свет со себе би го повлекле во длабочините, кога ќе го изгубат тлото под нозе, кога им се ближи крајот... Тогаш нема рационалност во однесувањето, секое лудило во нивните очи е нормално.

Македонија и Македонците и покрај се’ и после се’ ќе покажат сила да одолеат на сите предизвици и искушенија.

Во секој случај, Скопје не е Киев, Македонија не е Украина. Во Македонија не изгрева арапската пролет, затоа што ова е света земја на Господ! И затоа, нека силите на Сатаната не го прозиваат Армакедон, македонскиот дух е посилен од сите зла во светот! Во Македонија доброто ќе го победи злото за да го спаси човекот и светот!

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Амин!