Недела, 05 Март 2017    Печати
Демонстрација за Македонија во Виена-Австрија

grbbМИРЕН ПРОТЕСТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕД ООН ВО ВИЕНА НА 10 МАРТ

5 март 2017 година, Виена, Австрија

- И Македонците во Австрија се единствени во поддршката за единствена и унитарна Македонија, за македонскиот јазик како единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи.

Мирниот протест “За унитарна Македонија“ ќе се одржи на 10 март 2017 година (петок) со почеток во 15.00 часот пред “Штатс Опера“ во центарот на Виена!

- И покрај сите разлики меѓу нас Македонците, и во татковината и во светот, Ве повикувам на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација, затоа што силата е во единството! Ве повикувам на одбрана на унитарноста и на државноста на Македонија! Ве повикувам на одбрана на македонскиот јазичен простор во државата Македонија! Поканата е отворена за сите Македонци во Австрија и во Европа! Кога, ако не сега! За Македонија се работи! - вели организаторот Гоце Ангелкоски, координатор на Светскиот Македонски Конгрес за Австрија.

Македонскиот мирен протест во Виена доби целосна поддршка од Австриско-Македонското културно здружение за пријателство и соработка, во кое членуваат видни јавни личности од австриското општество.

На Македонскиот мирен протест ќе зборува Кристијан Цајт, директор на Институтот за политика од Виена, а Декларацијата за унитарна Македонија ќе ја прочита Гоце Ангелкоски.

Македонскиот мирен протест доби поддршка од Сириската Православна Црква и Коптската Црква во Австрија со кои Македонската заедница во Австрија активно соработува.

Организаторот очекува пред собирот да се обрати и Кристијан Штрахе, пратеник во австрискиот Парламент од Слободарската партија на Австрија (ФПО).

На македонскиот мирен протест поканети се членовите на Македонското културно друштво “Свети Наум Охридски“ од Виена, Македонската православна црковна општина “Свети Никола“ од Виена, Друштвото “Македонска Фаланга“ од Виена, Културно уметничкото друштво “Македонка“ од Виена и Македонското друштво од Линц, Горна Австрија.

Декларацијата од Македонскиот мирен протест ќе биде испратена до Обединетите Нации и до ОБСЕ во седиштето во Виена во Австрија!