Среда, 08 Март 2017    Печати
Македонската платформа и црвени линии се меѓународното право и евро-атлантските стандарди!

paralelnite-institucii-gi-radikaliziraat-sostojbite

Чедомир Цветановски

Екселенции!

И ние, Македонците и малцинствата имаме своја Македонска платформа и црвени линии! А тоа се темелните одредби на меѓународното право и поредок, демократските вредности и евро-атланските стандарди! За нив се изборивме уште во антифашистичката војна 1941-1944 г. и ги вградивме во Уставот и во законите по војната. Истите беа верификувани на Париската мировна конференција од 1946 г., во Повелбата на ООН од 1945 г., чиј сопотписник и соосновач беше и Р. Македонија. Тие одново беа обновени во Уставот по референдумот за осамостојување на РМ, што го верификуваа и највисоки европски уставотворни авторитети под водството на Р. Бадентер. Само два Устава беа наметнати недемократски и без пошироко одобрение, ниту внатрешно, ниту надворешно! Уставот од 1974 г. беше наметнат од радикал-левичарската врхушка на Кардељ и не го прифатија ниту Лазо-вистите, ниту Крсте-вистите! А Рамковниот договор и рамковниот Устав по воената агресија во 2001г. ги ревидираа темелните одредби на меѓународното право и не доби поддршка од ниедна меѓународна правна институција. Тие беа наметнати со диктат од тесни левичарски врхушки во партиите и од олеснувачи од центрите на двојни стандарти. А најважно - не доби верификација од граѓаните на РМ - на Референдум!

Албанската платформа е само финален акт на истиот диктат од раководството на Р. Албанија како истурен челник на регионалниот центар на двојни стандарти.  Албанската платформа има за цел да го ОЗАКОНИ МАЛЦИНСКИОТ СТАТУС НА АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО САТУС НА КОНСТИТУИТИВЕН НАРОД, И ДА ЈА РЕДЕФИНИРА Р. МАКЕДОНИЈА ВО БИНАЦИОНАЛНА ДРЖАВА СО КОМУНИСТИЧКИ ПРИВИЛЕГИИ ВО ОБЛАСТА НА ПОСЕБНИТЕ ПРАВА НА АЛБАНСКОТО МАЛЦИНСТВО. Затоа, ние со Македонската платформа сакаме да ги одбраниме темелните одредби на меѓународното право, демократските вредности и евро-атланските стандарди, и да повлечеме наши национални црвени линии! И не преку договори и преговори само со лидерите на 4-те партии во РМ со ЕУ-комесарите и со советите на амбасадорската четворка. Уште помалку со диктати и војна! Туку со најдемократско правно средство - со  општонароден Референдум!

Екселенции, ние знаеме, дека подготвувајќи се и службувајќи во Р. Македонија вие сознавте, дека македонскиот народ во Вториот Илинден за време Втората Светска Војна 1941-1944 г., за разлика од комунистички аболицираните фашистички Бугарија и Албанија, застана на страната на победничката антифашистичката коалиција! И, со силата на сопствената 100-илјадна армија и со крвта на 26-те илјади паднати борци, се избори за сопствена национална држава во Вардарска Македонија, а во Пиринска Македонија – за културно-просветна автономија со право на обединување во идна Балканска федерација; а во Македонија под Грција – за малцински права според меѓународното право и обврските од Друштвото на народите и од ООН.

Македонија донесе АСНОМ-ски Устав на национална држава по европски неасимилационен модел на малцинствата, кои покрај граѓанските права, слободно ги остваруваат своите посебни етнички права согласно правата и обврските од меѓународното право. Но по ударот против заедничката влада Тито-Шубашиќ и по воведување на комунистичкиот систем на пролетерска и меѓуетничка урамниловка, на македонскиот народ и на малцинствата им беше одземено основното право – слободно да располагаат со својот имот и доход. А токму тоа е главното барање во албанската платформа. Научна вистина е дека се’ до распадот на СФРЈ, Македонија издвојувала толку во Фондот за неразвиените, колку добивала од него. А тоа значи дека растечките права, привилегии и посебни институти на растечкото албанско малцинство го финансирал македонскиот народ и другите национални малцинствата со негативен демографски раст. Па така, под паролата на „братство и единство“, особено со Крделевиот Устав од 1974 г. на македонскиот народ му наметнаа најцрно ропство што човештвото го познава. И, како вели македонскиот поетот-мислител Б.Kонески: „Периодот на цицање крв со вата го заменија со период на пиење крв со нож“.  

Но, ако „најцрното ропство“се спроведуваше во поранешна СФРЈ, тоа уште повеќе се продлабочи во независна РМ по уривањето на експертската влада на акад. Н. Кљусев, како и на проектираната реформска влада на П. Гошев. Подоцна, со Рамковниот договор од 2001 г., младо-комунистите во СДСМ и во албанските партии го издигнаа во Уставна одредба, а сега со Платформата сакаат да ја озаконат како „рамноправна поделба на буџетот на сите рамништа“, но само на излезот на средствата од буџетот!

Како комунистичка Енверовска, така и современа Албанија не одговори ниту со Изјава за благодраност за аболицијата на албанскиот народ, ниту пак донесе акт за повлекување на 50-те илјади колонисти во времето на фашистичката окупација. Па дури јавно не се извини за злосторствата и за етничкото чистење извршени врз Македонците во Западна Македонија барем во времето на фашистичка голема Албанија. Обратно, својата законска грижа за правата на малцинствата според меѓународното право, ја замени со усвојување на Платформата за решавање на албанското прашање на Академијата на науки на Р. Албанија од 1998 г. со која се протежира ултра-левичарска агенда за пронаталитна култура и државно финансирање на  социјално-економски и културно-образовни права на растечкото албанско малцинство.

 Затоа Ве прашуваме:

 1. Зарем согласно Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата на Советот на Европа од 1.02.1995 г. која согласно чл. 16 забранува промена на составот на населението во мешаните региони, Албанија се залага и поддржува перманентна промена на составот на населението во регионите со мешано население и на целата држава Македонија?! Зарем демографско и миграциски освоените територии во Македонија, не ги прогласи за историски албански земји?!

2. Зарем врз основа на Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права и Меѓународниот пакт за политички и граѓански права на ООН од 16.12. 1996 г. кои се децидни во однос на тоа, дека државите немаат обврски да го финансираат остварувањето на правата на малцинствата со  државни средства т.е. со доходот на другите даночни обрзници, Р.Албанија и албанските лидери во Македонија бараат заедничко финансирање на посебните малцински права во областа на културата, образованието и социјално-здравствената заштита за сметка на Македонскиот народ?!

3. Зарем Албанската платформа од 07.01.2017 г. не ги крши Европската хартија за регионални јазици или јазиците на малцинствата на Советот на Европа и Декларацијата за правата на лицата, кои припаѓаат на национални или етнички, религиозни и јазични малцинства на ООН каде јасно се утврдува, дека државите само треба да создадат услови за непречена заштита на правата на малцинствата, но не и да ги финансираат како што е случај во Прибалтиските земји на ЕУ!

4. Да напоменеме, ООН донесе документи за планирање на семејството на државно и национално рамниште како цивилизациска обврска и долг на сите држави, народи и малцинства. Зарем Платформата за решавање на албанското прашање на Академијата на науки на Р. Албанија од 1998 г. не протежира антицивилизациска агенда за пронаталитна култура и ја свртува семејната култура на албанскиот народ и малцинства кон ноторен биолошки инжинеринг и фашизам, скриен под демагошки пароли за праведно решавање на албанското прашање и тоа со комунистички привилегии во соседните земји!? Токму со својата пронаталитената агенда Р. Албанија предизвика таква демографска експлозија, што за последните 75 години бројот на Албанците за 4-5 пати го зголемија во земјите од поранешна СФРЈ. А пак во случајот со Македонија и Косово, денес втората албанска национална држава со најчиста етничка територија во Европа, не беше спроведувано перманентно етничко чистење на Македонците, Србите, Турците и др. И во годините на најцрното комунистичко ропство. Токму за да го маскираат својот антицивилизациски срам Р. Албанија бара официјално да бидат признаени за „жртва на геноцид“! Та зарем Албанската платформа од 07. 01 2017 барањето за процентуална застапеност на сите нивоа на власта, како и на јавните и на приватните фирми, не е чин за легализирање на освојувањето на македонската држава, доход и имот!? Или пак, како укажува македонскиот поетот-мислител Б. Конески, не е ли тоа барање за ропски привилегии според комунистичко-граѓанистичките „закони груби од кои нашиот живот се губи“? А зарем сега истото не се случува и во Вашата Европа во име на човекови права од народите и цивилизациите, кои не го исполнија својот долг за култивирање на рожбеноста?

И накрајот да напоменеме, дека сите горенаведени документи се родија како плод на желбата да се сочува културно-етничката разноликост и богатство на светот, а се насочени имено онаму каде етничките малцински групи се во изумирање и им се заканува исчезнување од биолошко-културна карта на светот?

 Со еден збор, Р. Албанија (освен за времето на владата на Ф. Нано) го поттикнува, инструира и насочува своето малцинство во соседните земји перманентно да ги крши темелните одредби на Париската мировна конференција од 1946 г. и  сите горенаведени  меѓународни документи на ООН и Советот на Европа, а со тоа и демократските вредности и евро-атлантски стандарди применети во прибалтичките држави на ЕУ. И дури во 2001-та, заедно со младо-комуњарите,  поттикна и организира вооружена агресија врз Македонија со цел преку Рамковниот догоговор да ја запрат ЕУ-агендата на К. Кинкел со која Македонскиот  народ и малцинствата со култивирана и дури ниска рожбеност се готвеа да ја реформираат македонската држава според европскиот балтички модел.

Во исто време, во Бугарија фашизираните комунисти ја укинаа меѓународно наложената културно-просветна автономија и малцински права. А денес, како земја-членка на ЕУ и НАТО, истите фашисти, преоблечени во граѓански евро-фракови, ги отфрлаат дури резолуциите и пресудите на институциите и судови на ЕУ за признавање на елементарните малцински права на македонскиот народ во Пиринска Македонија и на македонското малцинство во самата Бугарија. А, што да Ви кажеме за Вашата миленичка Грција? Па таа со векови се’ до осамостојувањето на РМ, го анатемиса името Македонија и како географски, и како етнички термин? Па таму се’ уште беснеат истите монархо-фашисти, кои веднаш по војната 1941-1944 г. ги погазија меѓународните обврски за малцински права на Македонците од Техеран, Јалта и Париз. Згора, го искористија оправданиот револт за да ги втурнат Македонците и Грците во Граѓанска војна, по која ја спроведоа последната етапа на најстрашното етничко чистење – оценето од Раселовиот суд како Македонска Голгота! Па пред Ваши очи тие ги газат темелните одредби на сите акти на ЕУ и на ООН за малцински права. Патем, па нели, Грција е држава-членка не само на финансиски и правно-политички банкрот, туку и на морален банкрот? А сега на ЕУ и’ станува мигрантски тројански коњ?

Ваши екселенции, ние – Македонците од Македонија, Америка, Австралија и Канада, како и од Русија и Турција и другите земји - нималку не се сомневаме, дека големите земји ја осудуваат политиката на двојни стандарти, а особено учесничките во антифашистичката коалиција. Веруваме дека и членките на ЕУ ќе застанат на браникот за заштита на неприкосновените права на народите и на малцинствата, на основните демократски вредности и обврски на државите. И дека одново приоритет ќе им давате на оние народи и држави, кои во текот на антифашистичката војна конституираа своја национална држава, какви што се РМ и Македонскиот народ! Затоа, бараме да го поддржите нашиот јавен Повик за спроведување Референдум за одбрана на правото на Македонскиот народ на национална држава, на име и доход, во која националните малцинства ќе продолжат слободно да го уживаат граѓанските права, ќе го зачуваат  статусот на малцинство, и своите посебни етнички права ќе ги реализираат со свои средства согласно меѓународното право и единствените евро-атлантски стндарти. Уште повеќе, со Референдумот сакаме да ги претпазиме Вашите земји од предлозите и притисоците на кривотворците на волјата на Македонскиот народ, какви на Балканот, па и во Европа не се намалија по Лисабонската декларација за промена на нашето вековно име. Имено со Референдумот ќе Ви обезбедиме најсилна правна подршка, со која уште повеќе ќе го олесниме Вашето ветување и решение да ја поддржите нашата Македонска, а не Албанската платформа за битни реформи во Македонија при отварањето на пристапните поглавја за прием во ЕУ на Р. Македонија и Р. Албанија!

Мигот бара, нашево обраќање да Ви го упатиме како наредба!