Среда, 08 Март 2017    Печати
Зијадин Сеља да ти бил автохтон Албанец од Ливада!

ziadin-sela

Да видиме што зборат фактите?

Последниот период можевне да слушнеме фашизоидни изјави на градоначалникот на Струга дека Албанците да ти биле автохтон народ и Македонците и да не постоеле пред 100 години. Со цел да му помогнеме да ја научи и другиот дел од историјата што ја учи цел свет, еве една лекција точно за неговото село Ливада, Струшко.

Зијадин Сеља е роден во село Ливада, Струшко. Тоа е денес целосно албанско село со популација од околу 1484 жители. Бројката на жители е од последниот попис и денес не постои можност истата да биде потврдена.

Да видиме што ни кажуваат фактите за последните 200 години за ова село.

Факт 1. Во 19 Век селото Ливада влегувало во Охридската каза на османската империја. Во книгата “Етнографијата на вијаетите во Адрианопол, Монмастир и Салоника“ издадена во Константинопол во 1878 години, покажува дека во ова село во 1873 годиниа живеат 20 домаќинства со 68 жители православни христијана, припадници на егзархиската црква.

800px-Ethnographie-des-vilayets

Му препорачувам на Сеља да ја прочита оваа книга за да се запознае со историјата на своето село Ливада и со историјата на Македонскиот народ.

Во текот 1900 година, според книгата на Васил Канчов, “Македонија, Етнографија и статистика” во 1900 година ливада има 90 жители православни христијани.

800px-Macedonia ethnography and statistics

Топло му препорачуваме да ја прочита и оваа книга која е достапна и онлине.

Во текот на Илинденското востание, селото Ливада е повторно активно и учествува со востаници и дел од востаниците може да ги видиме во дневниците на востаниците од тој период.

livada-vostanik

Востаник од село Ливада, Струшко, денес нема Македонско население.

Да продолжиме, во текот на 1905 години, после тешките години на илинденското востание бројот на Албанско население се зголемува и во селото остануваат само 24 христијани егзархисти. Тоа може да го видиме во книгата “La Macedoniane et sa Population Chretienne” од 1905 година.

800px-La Mac-doine et sa Population Chr-tienne

После овој период следува период каде што Албанското население нараснало и правело големи зулуми во Струга и Струшко. Во книгата “Алманах на град Струга” издадена во 1930 година, ова е запишано за Велешта и Албанците од тоа село а слично сигурно било и со Ливада:

velesta-genocid-narod

Превод: “Земјоделието во последно време многу пропаднало. Причина за тоа е што до скоро Стружани не смееја да излезат надвор од градот до своите ниви. Многу смели луѓе скапо и прескапо си ја платија својата храброст. Тие беа заробувани од разбојници – Велештани, и се ослободуваа само после плаќање на голем откуп. И не само богатите беа изложени на таа опасност, но и сосем сиромашните луѓе беа заробувани, и требаа да си ги продадат куќите за 101-5 турски лири и да си платат откуп. А пак богатите по 7-8 години не излегувале на имотите.”

Во овај текст може да видиме дека она што значи напади и разбојништва најчесто биле правени од Албанците.

Помеѓу двете светски војни, православното населенито од село ливада се иселува, пред се заради теророт кој им бил приредуван.

Во текот после втората светска војна се иселени и последните Македонци од с.Ливада.

Во текот на 1957 година е рушена последната црква во село Ливада. Таа се викала Свети Никола, и влезните врати од таа црква сеуште се чуваат во црквата Успение на пресвета Богородица во соседното село Драслајца.

Последниот човек што е крстен во црквата Свети Никола во село Ливада е Никола Спасески и тој денес живее во село Драслајца.

Денес имаме постари луѓе кои кажуваа како оделе на црковна слава во село Ливада, како имало музика и ордија.

draslajtsa-660x330

Се надеваме дека ова што се случило со селото Ливада, нема да се случи на Македонија после потпишувањето на Тиранската платформа од страна на Зоран Заев. Време е да се разбуди Македонскиот народ и да разбере дека ние сме свои на своето и ќе се бориме до последен за опстанок на оваа територија.

Време е да се каже дека не се залудни жртвите на илјадници комити, војводи, партизани.. илјадници жртви на напади, силувања, убиства.. тие ги дале своите животи за слободна Македонија!

Кренете глава Македонци додека не биде прекасно!