Петок, 12 Февруари 2010    Печати
Одликување на поранешниот министер за надворешни работи на Данска Уфе Елеман Јенсен со Орденот „8 септември“
Орден 8-ми СептемвриНа 12.02.2010год. (петок) Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов ќе го одликува поранешниот министер за надворешни работи на Кралството Данска Уфе Елеман Јенсен со Орденот ‘’8 септември’’, за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Кралството Данска, како и заради неговиот придонес во јакнењето на меѓународната положба и углед на Република Македонија.

Со доделувањето на високиот државен орден на поранешниот министер за надворешни работи на Данска, Претседателот Иванов го заокружува првиот круг на доделување на државни одликувања на заслужни странски државници, по основ на меѓународното етаблирање на македонската државност во првите години на независност.

Покрај Јенсен, по тој повод, со Орденот ‘’8 септември’’ беа одликувани поранешниот Претседател на Сојузна Република Германија д-р Роман Херцог и поранешниот Претседател на Република Бугарија д-р Жељу Желев.