Среда, 08 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

todor

Пишува: Тодор ПЕТРОВ

Вилијам Гледстон (29 декември 1809 година - 19 мај 1898 година) четирикратниот британски премиер, уште на 19 јануари 1897 година за македонското прашање изјавил: “Зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите?“ Така и денес: Зошто да не е - Македонија на Македонците! Не, поради омраза и војна против другите, туку заради мир и љубов, во коегзистенција и толеранција со сите! Македонија на Македонците, затоа што: Без Македонците, Македонија ќе ја нема, а тогаш, пандорината кутија како црна дупка на Балканот ќе ги проголта сите...

Така велеше Вилијам Гледстон во 1897 година, ама Зоран Заев после сто и дваесет години, во интервју за Хрватската радио и телевизија од 4 март 2017 година вели, “Македонија на Македонците“ повеќе не важи, туку “Македонија на сите, не само на Македонците!“ Па продолжува: “Ние сме за едно општество, за Македонија на сите, а тие се за Македонија само на Македонците.“ Па, на кого да е Македонија ако не на Македонците, на Марсовците ли? И затоа нешто да појасниме, заради заблудите и мајтапењето на Зоран Заев кој нешто за што зборува, ама не знае да каже што сака, бидејќи ништо од тоа што вели за општеството не разбира, а прави штета и за државата и за нацијата! Едно општество значи унитарна држава со еден службен јазик на целата нејзина територија и во нејзините меѓународни односи со неделива територија и неповредлива граница. Крај на приказната! Двојазичноста значи дезинтеграција и гетоизирано општество, двојазичноста значи поделено општество, федерализација и сепарација, се’ до територијална дезинтеграција! Унитарноста подразбира еднонационална држава, а не бинационална или мултинационална држава! А, еднонационална држава значи дека постои еден мнозински народ или етнос (едно-с) и едно или повеќе национални малцинства. Сите заедно се една нација, чија основа е мнозинскиот народ или етнос (едно-с). Државата ни е еднонационална, а општеството ни е мултиетничко. Мултиетничко општество не значи анти-македонско, туку македонско општество! Ниту македонско општество значи анти-малцинско општество во кое националните малцинства би биле изложени на мајоризација и дискриминација. Мултиетничко општество не значи мултинационална држава, бидејќи не сме сложена (федерација, конфедерација, сојуз на кантони или региони) туку унитарна (еднонационална) држава. Македонците се цивилизација на мирот и љубовта наспроти војната и омразата, Македонците се цивилизација на толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата, Македонците се цивилизација на културниот глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури наспроти корпоративниот глобализам којшто врз основа на профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури се' до нивна физичка ликвидација од земјината топка. Британскиот империјализам со колонијализмот, ропството и апартхејдот од планетата Земја, за само 100-200 години избриша стотици етноси, јазици, религии и култури... И не случајно Гоцевата мисла “Светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, не како негова лична импресија, туку како експресија на генетскиот код на една цела цивилизација - Македонската, на којашто припаѓаме и ние! Се разбира, Македонија на Македонците, затоа што по државјанство, сите во државата Македонија се Македонци, независно од нивното етничко потекло! Македонија на Македонците, затоа што името на оваа држава се вика Македонија и никако поинаку освен Македонија за сите и за сите времиња и во целиот свет! Македонија на Македонците, затоа што носител на државноста на Македонија е Македонскиот народ и никој друг освен Македонскиот народ! Затоа и само Македонскиот јазик е еден и единствен службен јазик на целата територија на државата Македонија и во нејзините меѓународни односи! Во биометриските лични исправи, на сите, според меѓународните стандарди, во графата државјанство односно nationality, пишува Македонец односно Macedonian! Порано, пред биометриските лилни исправи, за да не се навределе Албанците, во истата таа графа место Македонец односно Macedonian, пишуваше Република Македонија односно Republic of Macedonia. Со пасош на државата Македонија на секој граничен премин и во целиот свет за сите, ти си Македонец и ништо друго освен Македонец, независно од твоето етничко потекло за кое никој не те прашува! Во контекст на горното и една интересна опсервација за демистификација на лажниот космополитизам на Зоран Заев. Првото повеќепартиско собрание на Македонија на 3 ноември 1992 година донесе Закон за државјанството на Република Македонија. Како независен пратеник предложив амандман, врз основа на иста одредба во бројни закони за државјанство на други држави “Странец кој поднесува барање за прием во македонско државајнство, должен е да приложи и изјава во која се вели дека ја прифаќа припадноста кон Македонската нација.“ Веднаш скокнаа пратениците од СДСМ со обвинение дека овој амандман значи фашизам. Залудни беа моите укажувања дека приемот во државјанство се однесува за странци, а по меѓународно право националност значи државјанството а не етничко потекло, дека по државјанство во Македонија сите се Македонци бидејќи името на државата е Македонија. Поради името на државата, за сите во светот сме Македонци, независно од етничкото потекло. Репликата кон пратеникот на СДСМ Кирил Ковачевски беше “Јас сум Македонец и не се срамам да кажам тоа што сум. Тоа што вие не знаете кои сте и се срамите да кажете што сте е ваш проблем, но не и мој.“ На нападите од СДСМ, веднаш наскокаа пратениците од ПДП. Нивниот коментар беше “Во Македонија има фашизам, Тодор Петров е еден од тие фашисти!“ На прашање на пратеникот Исмет Рамадани “Што сме ние, ако сите во Македонија се Македонци, според дефиницијата на Тодор Петров?“ му одговорив “Вие сте Македонци од албанско етничко потекло!“ И расправата заврши. Арно ама, на петтото продолжение на 74 седница на Собранието одржана на 21 април 1994 година, во расправата по предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за изборните единици за избор на пратеници во Собранието на Социјалистичка Република Македонија, ПДП повторно ме обвинија за фашизам поради амандманот “Странец кој поднесува барање за прием во македонско државајнство, должен е да приложи и изјава во која се вели дека ја прифаќа припадноста кон Македонската нација“ на Законот за државјанството од 1992 година. Во одговорот ним, дека фашизам во Македонија има но во редовите на ПДП, пратеникот Мухамед Халили ми ги турна микрофоните и собраниската седница беше прекината. Да биде иронијата поголема, на претседателските избори одржани на 15 декември 1999 година, кандидатот на СДСМ Тито Петковски во својата кампања изјавуваше “Сите во Македонија по државјанство сме Македонци!“ Му реплицирав “Тито, кога јас тоа го велев во 1992 година, СДСМ тоа го прогласи за фашизам, а мене заедно со ПДП ме прогласивте за фашист. Сега во 1999 година тешко или никако нема да успеете Албанците да ги натерате да кажат дека барем по државјанство се Македонци!“ Се разбира, никој Албанец кој ќе стори криминал во странство не се буни, кога во медиумите и судките постапки, поради македонското државјанство, сите го именуваат како Македонец. Значи, системски обидите за една држава едно општество СДСМ ги сруши во 1992 година, во времето на почетокот на возобновувањето на сувереноста и самостојноста на државноста! Сега во 2017 година, декларацијата “Ние сме за едно општество, Македонија на сите! Они се за Македонија само на Македонците!“ е лакрдија која нема врска со унитарноста и државноста, со една држава и со едно општество. Им се смеат сите, па и Албанците... Демек, откога Зоран Заев со селфите во Куманово по “Диво насеље“ ја откри Америка: Они демократите со “Македонија на сите“, а тие со “Македонија на Македонците“ фашистите... Но, и после се’ и покрај се’, ништо друго освен - Македонија на Македонците! Како што е Америка на Американците! Франција на Французите! Кина на Кинезите! Со сите права на националните малцинства, кои мора да ги почитуваат законите на мнозинството - на Македонскиот народ односно етнос (едно-с)! Загрижува молкот на факултетите, универзитетите, институтите, академијата, науката, за премолчувањето пред импровизациите со вакви зериозни теми, од дилетанти залутани во политиката и во власта! Ама и тоа ќе го надживееме...

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Амин!

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

СВЕЧЕНО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1978 ГОДИНА (22)

ДЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (38)

ТЕСАЛСКО-ПЕЛОПОНЕШКА МИТОЛОГИЈА ЗА ХЕРАКЛЕ (ХЕРАКЛЕВИТЕ ПАТУВАЊА ВО ХИПЕРБОРЕЈА И...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.