Среда, 08 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНА ПЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

donskiОБЈАВЕНА ПЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Александар ДОНСКИ

Деновиве на Youtube е поставена петтата епизода од документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Петтата епизода е посветена на сведоштвата од атинскиот оратор Есхин и анонимен христијански автор Есхин (Aeschines) се родил во 389, а починал во 314 година пред Христа. Тој бил познат атински го­вор­ник и поли­тичар, чија кариера била тесно повр­зана со Маке­донија.

Една од првите мерки што ги превзел Филип Втори (таткото на Александар Велики Македонски) по засилу­вањето на моќта на Македонија, била да ги избрка грчките коло­нисти од македонскиот брег. Една од овие колонии бил градот Олинт, кој во 348 година пред Христа, бил завзе­мен од Македонците, а голем дел од грчкото насе­ление (заедно со војниците) биле продадени во ропство. По ова Есхин бил испратен од Атина на Пелопонез во мисија да ги бунтува и предупредува тамошните Грци против опасноста од Македонија. Оваа дејност на Есхин продолжила и следната 347 година пред Христа, кога Есхин ги убедувал и Грците од Аркадија да се обединат против опасноста од Македонците. Но, истата година кај Есхин се случил голем пресврт. Тој бил испратен во мировна мисија во Македонија кај Филип Втори и толку останал восхитен од него, што целосно застанал на страна на неговата политика. Оттогаш Есхин сите свои активности ги посветил во убеду­вање на Грците да не им се спротивставуваат на моќните Македонци, туку да го го одржуваат мирот со нив. Меѓутоа мнозинството Грци биле против ваквите идеи затоа што сакале да си ја зачуваат неза­висноста. Најгласни од нив биле Демостен и Тимарх, кои во Атина, но и среде останатите Грци, биле најго­лемите опоненти на промакедонската политика на Есхин, обвинувајќи го за велепредавство. Есхин пак возвраќал со напади против нив преку своите пишани дела. Едно од ваквите дела е познато под името „Против Тимарх“. Потоа (во 343 година пред Христа) Демостен го нападнал Есхин со говор познат под името „За лажната амбасада. Есхин одговорил со говор со ист наслов. Во оваа борба помеѓу прома­кедонски и антимакедонски настроените Грци се вклучил и извесен Ктесифон на страната на Демостен. Тој пред­ложил Демостен да добие златна круна за свои­те заслуги за татковината (Атина). На ваквиот пред­лог реаги­рал Есхин со објавувајќи го својот говор насловен како „Против Ктесифон“. Сепак во Атина надвладеале идеите на Демостен за спротивставу­ва­ње кон Филип и Маке­донија. Заради тоа Есхин зами­нал на Родос, а подоцна и на Самос, каде почи­нал на возраст од 75 години.

Иако Есхин бил огнен бранител на промаке­донската политика на Грците, сепак тој јасно ги издвојува Маке­донците како посебен народ во однос на Грците. Во „Говорот против Ктесифон, Есхин, меѓу другото, пишува: „...Министрите на Филип стигнаа во Атина, а нашите сѐ уште беа во странство, работејќи на тоа да ги бунтуваат Грците против Македонија“. ("The Oration against Aeschines", Translation, introduc­tion, and notes by Thomas Leland (1722-1785).

Овде практично Есхин ги обвинувал приврза­ниците на анти-македонската политика на Атина, кои ги бунтувале Грците од регионот против Македонија, дури и во време кога Македонците испратиле свои мировни претставници во Атина.

Доказ дека Есхин не ги сметал Македонците за Грци има и во неговиот говор „За амбасадата ("On the Embassy"). Но, пред да го претставиме треба да дадеме едно дополнително објаснување поврзано со постарата историја на Грците. Се работи за Амфиктионскиот Совет. Овој Совет (некаде опишан како „Лига“), бил соз­даден кон крајот на VII век пред Христа. За да дадеме објас­­нување за неговото создавање и намена, ќе пре­не­семе цитат од светски познатата ЦД енциклопедија „Микрософт Ен­карта“ (1998 год. наслов Amphictyonic League), овде чита­ме:

"Амфиктионскиот Совет бил заедница од антич­ките грчки племиња и бил создаден за да го заштити храмот на Деметар од Антела, во близина на Термо­пилите. Подоцна оваа заштита била пренесена и на храмот на Аполон во Делфи. На почетокот тоа била религиозна организација, но подоц­на станала поли­тич­ки инструмент во инте­рес на нејзините најмоќни чле­нови. Дванае­сетте членови на овој Совет се среќа­вале еднаш во шест месеци во Делфи или на Термо­пилите."

Значи Амфикти­онскиот Совет бил сегрчка етно-кул­турна заедница и ова денес е сосема добро познато. Есхин ги набројува племињата кои го сочи­нувале овој Со­вет. Тие биле: Тесалијци, Беотијци, Дорци, Јонци, Пера­бејци, Магнети, Локријанци, Етени, Фтиоти, и Малеанци (Aeshines, "On the Embassy", 2.116)

Не само што Македонците овде не се спомнати како членови на овој сегрчки Совет, туку таков е случајот и со племињата кои живееле во Епир. Ова е навистина силен аргумент во полза на фак­тот за не-грчкиот етнички карак­тер не само на Македонија, туку и на Епир, но и на други области, кои денешната грчка историографија ги претста­вува како „грчки“ во времето на антиката. Практично ниту Македонците ниту Епирците себеси се сметале за Грци, ниту пак тогашните Грци ги сметале нив за свои "сонарод­ници".

Значаен е и фактот дека имињата на грчките пле­миња кои го сочинувале Амфиктионскиот Совет ги дале и други антички автори, независно еден од друг (за кои пишуваме во продолжение). И кај ниту еден од нив Македонците (но и Епирците) не се третирани за Грци.

АНОНИМЕН РАНОХРИСТИЈАНСКИ АВТОР

(ОКОЛУ IV ВЕК)

Овој ранохристијански автор е познат само по кратките воведни комен­тари за некои од Писмата на Свети Павле од Но­­виот Завет. Овие воведни комен­тари се претставени и об­ра­­ботени во книгата „The Gospel History and its trans­mi­ssi­on“ („Историјата на евангелијата и нивното прене­су­вање“), објавена во 1906 година.

Она што е интересно за темата што ја обра­ботуваме е тоа што овој анонимен автор го третира и етничкото потекло на луѓето на кои свети Павле им ги испраќал своите писма. Така, на пример, под погла­вието насловено како „За Галатјаните“, тој пишу­ва: „Галатјаните се Грци“.

Под поглавието насловено како „За Коринт­ја­ните“, тој пишува: „Коринтјаните се од Ахаја“.

Под поглавието насловено како „За Римјаните“, тој пишува: „Римјаните се дел од Италија“.

Под поглавието насловено како „За Колос­ја­ните“, тој пишува: „Колосјаните, исто како и Лаоди­кијците, се од Азија“.

Меѓутоа, под поглавието насловено како „За Тесало­ни­кијците“, тој пишува: „Тесалоникијците се Македонци, кои го прифатија Словото на висти­ната и ја зачуваа ве­рата дури и кога беа прого­нувани од своите сограѓани “.

Под поглавието насловено како „За Филипја­ните“, тој пишува: „Филипјаните се Македонци. Тие го прифатија Словото на вистината, го зачуваа со верба и не примија лажни апостоли.“ (Подетаљно во: "The Gospel History and its trans­mi­ssi­on" F. C. Burkitt, Gorgias Press, 2006, ISBN: 978-1-59333-529-8).

Значи еве уште еден антички автор кој немал сомнение дека Македонците биле посебен народ во однос на Грците.

Петтата епизода може да се погледне на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=bnhneQNzsTo

Документарен филм со дел од активностите на А. Донски може да се види на следниот линк:https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&feature=share

Авторот и продуцентите упатуваат апел до сите македонски патриоти и пријатели на Македонија да го поддржат снимањето на серијата до крај, за што дополнителни податоци ќе најдат на следниот линк:https://www.gofundme.com/aleksandardonski.

Приклучете се и Вие кон македонските патриоти и пријатели на Македонија кои го помагаат снимањето на серијата која ќе го нанесе досега најголемиот удар против грчката анти-македонска пропаганда!

Воедно се повикуваат сите да ги испраќаат линковите од веќе снимените епизоди од серијата до што е можно поголем број странски субјекти.

donskiБиста со ликот на Есхин

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

СВЕЧЕНО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1978 ГОДИНА (22)

ДЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (38)

ТЕСАЛСКО-ПЕЛОПОНЕШКА МИТОЛОГИЈА ЗА ХЕРАКЛЕ (ХЕРАКЛЕВИТЕ ПАТУВАЊА ВО ХИПЕРБОРЕЈА И...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.