Четврток, 09 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
Пратениците не може самоволно да изберат Влада

ПОСЛЕ 29 ЈАНУАРИ МАНДАТОТ Е ПОВТОРНО КАЈ НАРОДОТ, ПРАТЕНИЦИТЕ МОРА ДА СЕ РАСПУШТАТ!

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Само уставност и законитост! Се' друго е грубо кршење на Уставот и законите! И казниво!

Не, ќе гласаме за нова Влада, ако се откажат од т.н. "албанска платформа", таа никогаш нема да се оствари, туку избори, затоа што така налага Уставот!

Изборот на нова Влада повеќе не е желба на пратениците, таа уставна можност ја пропуштија со ултимативните барања на ДУИ!

Собранието се конституира со верификацијата на мандатот на пратениците на 30 декември 2016 година, претседателот на Републиката во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, на 9 јануари довери мандат за состав на Влада на кандидатот од пратеничката група со најголем број пратеници во Собранието, што е во согласност со членот 90 од Уставот, мандатарот не успеа да состави Влада поради ултиматумот на ДУИ и толку! Друг мандатар само на нови избори!

Членот 90 е исцрпен, мандат за состав на Влада се дава на еден мандатар, роковите завршија и се' после 29 јануари е грубо кршење на Уставот и злоупотреба на службената должност и самовластие и од претседателот и од пратениците. Сите се еднакви оред Уставот и законите.

После 29 јануари мандатот повторно е во рацете на народот, затоа што овој состав на пратеници не успеа да договори Влада. Затоа, Собранието мора да се распушти и да се организираат нови избори!

Некои велат, нема логика да нема можност за втор мандатар. Логиката е ирелевантна, во членот 90 од нашиот Устав така пишува, само еден мандатар и точка!

А, бидејќи пратениците веќе го суспендираа распишувањето на локалните избори, треба да го продолжат мандатот на советниците и градоначалниците со Закон и да ги организираат и локалните и парламентарните избори во ист ден, што е можно најбрзо!

Пратениците не може самоволно да изберат Влада без мандатар со доверен мандат од претседателот на Републиката, кој ја исцрпи таа можност на 9 јануари годинава!

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

СВЕЧЕНО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1978 ГОДИНА (22)

ДЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (38)

ТЕСАЛСКО-ПЕЛОПОНЕШКА МИТОЛОГИЈА ЗА ХЕРАКЛЕ (ХЕРАКЛЕВИТЕ ПАТУВАЊА ВО ХИПЕРБОРЕЈА И...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.