Недела, 12 Март 2017    Печати
Да ја браниме и чуваме оваа света земја

VelesДа ја браниме и чуваме оваа света земја

Ве известуваме дека Здружението на воени инвалиди од 2001 година-“Бранител-2001“, едногласно на својата одржана седница го поддржуваат одзивот на граѓаните за обединување во одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, бидејќи само единстевени можеме да покажеме сила и само така можеме во овие тешки времиња да опстоиме, свои на своето, бидејќи резервна татковина немаме а треба тука за навек да опстоиме каде што ни е и местото.

Во душите на нашите предци на овој древен народ Македонски тлеела желбата за слобода,споменот за загинатите и упокоените во сите војни во Македонија и за Македонија,низ сите агресии и извршени геноциди врз Македонскиот народ се слуша гласот на нашите предци кои го оставиле аманетот до сите нас-“Да ја браниме и чуваме оваа света земја“...

А ние бранителите од 2001 година го повикуваме нашиот народ со сите народи кои живеат братски со нас низ вековите, сите заедно да ја направиме повторно Македонија голема по делата и славата на нашиот Филип и неговиот син Александар!!!- како моќна цивилизација каде ќе нема раздор, каде ќе постои мир и љубов затоа што сите сме создадени од еден бог, сите ние сме божји чеда и сите треба да имаме и одговорност кон нашата татковина за нашите семејства за нашите идни генерации...Никој нема право ниедна партија или власт да го укине тоа право оваа слобода е платена со крв и затоа нема одстапка...

Македонија на Македонците!!! и на сите други братски народи кои не почитуваат и не поддржуваат за онаква Македонија која од секогаш била мајка за сите нејзини чеда...

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!!!!

Потпретседател на здружението на воени инвалиди од 2001 г.

Лазо Наумов