Среда, 15 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
Остра осуда на навредата на Трифун Костовски врз македонците од егејскиот дел на Македонија!

ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ПО ПОТЕКЛО ОД ЕГЕЈОТ "СВЕТИ ГЕРМАН" СКОПЈЕ

- Здружението на Македонците по потекло од Егејот "Свети Герман“ најостро ја осудува изјавата на Трифун Костовски кој грубо ги навреди Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија. "Свети Герман" го повикува Трифун Костовски да престане да одработува за туѓи агенди и интереси и да не го дели, поткопува и распарчува македонското национални ткиво.

trifun-k

Во писмената реакција од "Свети Герман" понатаму се вели: Незрели се политиките со коишто се сака поткупување преку грбот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија! Кога некој ќе изгради божји храм, се мисли дека ја разбрал животната поука, која ако ништо друго, доаѓа со годините. Но, не било така! Однесувањето на некои луѓе е непоправливо. Интересот е вечен, општо е познато. Господинот Трифун Костовски  со својата изјава го гледа само својот интерес! Такви се умовите кои немаат сознание за татковината и за браќата по род. Години наназад се изнаслушавме и добри и лоши стории за Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Среќавме личности кои не ја знаеа голготата на своите браќа и сестри по род. Сепак, откако ќе слушнеа што се' им се случувало на нивните браќа и сестри, ја прифаќаа вистината за Македонците по потекло од Егејот, ја прифаќаа вистината,  која ја доживеале нашите родители, баби и дедовци.

Доколку некој не знае простено нека му е. Но, ако знае и продолжува понатаму, тоа е само до неговата лоша матрица. Обично, ваквите ликови соработуваат со секоја можна опција која по секоја цена се обидува да дојде на власт!

Mакедонците од Егејскиот дел на Македонија ја доживеаја голготата на Граѓанската војна во Грција, беа протерани, и знаат што значи физички да те избршат од својата земја, од родните огништа и затоа така жестоко ја бранат својата татковина Република Македонија. Македонците од Егејскиот дел на Македонија секогаш биле и ќе бидат вградени во македонското општество и секогаш ќе го бранат и чуваат генот македонски. Во миговите кога некој се обидува да го избрише името и родот македонски, за Македонците од Егејскиот дел на Македонија нема дилема дали треба да се излезе и да се протестира. Секој оној кој не е свесен дека во овие мигови се работи за разнебитување и бришење на се' што е македонско, се лаже себеси, но се обидува да ги излаже и сите други Македонци.

Ние многу добро знаеме што значи тоа кога некој сака да те избрише, откорне и протера. Токму затоа не сакаме тоа да го види и почувствува Македонскиот народ во својата единствена татковина. Неприродната поделба на Вардарци, Пиринци, Егејци и Горанци, му носела и му носи штета на Македонскиот народ во целина. Но, тоа како да не е важно за господинот Трифун Костовски. За жал, кај господинот Костовски никако да се разбуди патриотското чувство. Изјавата од 13 март на Трифун Костовски е за осуда! Крајно себично, непромислено, срамно, ниско и нечовечки!

За здружението "Свети Герман" има само една вистина: Има Македонци, кои постоеле и ќе постојат.

 

На прво место

News image

ЗАГРИЖЕНОСТ ОД НАТАМОШНА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА И РЕГИОНОТ!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ЗАГРИЖЕНОСТ ОД НАТАМОШНА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА И РЕГИОНОТ! 28 а...

Историја

News image

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно. Ванчо излезе и беше убиен уште во 10 и ...

Иселеници

News image

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на Канада

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на К...

Култура и туризам

News image

ФИЛМОТ И ТЕАТАРОТ СЕ ДЕЛ ОД МОЈОТ ЖИВОТ

Зорaн Гулабоски е роден во Волонгонг (Нов Јужен Велс) и ја започна својата глумачка кариера во родни...

Фељтон

News image

Христијанството кај Македонците во светот во делото „Македонски иселенички меридијани“ (1)

По повеќегодишна макотрпна работа излезе од печат обемното дело „Македонски иселенич...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.