Сабота, 18 Март 2017    Печати
Македонците во Србија го поддржуваат движењето “За заедничка Македонија“ во татковината!

Grb 3СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС - СРБИЈА

МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА ЗА УНИТАРНА, А ПРОТИВ ДВОНАЦИОНАЛНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!

17 март 2017 година, Белград, Србија - Македонците во Србија ја отфрлаат “тиранската платформа“ за федерализација на Македонија и двојазичност на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи.

Македонците во Србија, како нераскинлив дел од Македонскиот народ, изразуваат загриженост за унитарноста и државноста на Македонија, за името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците во Србија отфрлаат федерализација и службеност на албанскиот јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи!

Македонците во Србија сметаат дека само Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и натаму треба да остане еден и единствен службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи!

Македонците во Србија го повикуваат демократскиот свет да ја поддржи унитарноста и државноста на Македонија, името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците во Србија сметаат дека Македонија е држава на Македонскиот народ како единствен носител на државноста, во која сите се еднакви пред Уставот и законите, независно од социјалниот статус, етничкото потекло, верското уверување и партиската припадност!

Македонците во Србија бараат крај на разговорите за разликата за името Македонија со Владата во Атина и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД, и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки - окупацијата вр Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година кој се уште трае!

Македонците во Србија отфрлаат промена на името, знамето, грбот и химната! Македонците во Србија бараат попис на населението! Македонците во Србија отфрлаат владина коалиција којашто нема да ја почитува оваа Декларација!

Македонците во Србија повикуваат на семакедонско помирување и обединување, затоа што силата е во единството, за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците во Србија го поддржуваат движењето “За заедничка Македонија“ во татковината! - се вели во соопштението на Канцеларијата за врски на Светскиот Македонски Конгрес за Србија.