Недела, 09 Април 2017    Печати
ЗА УНИТАРНА И ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА ОД ЈУГОТ НА АФРИКА!

17838535 1415152635225938 1377492360 oМАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ЈУЖНО-АФРИКАНСКАТА РЕПУБЛИКА

ЗА УНИТАРНА И ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА ОД ЈУГОТ НА АФРИКА!

9 април 2017 година, Јоханесбург, Јужно-Африканската Република

- Во организација на Светскиот Македонски Конгрес, Македонската заедница во Јужно-Африканската Република, вчера одржа мирен протест на плоштадот “Нелсон Мандела“ во Јоахенсбург.

- Наша порака е стоп на поделбата и федерализацијата, Македонците во Јужно-Африканската Република се за единствена, унитарна и заедничка Македонија. Македонската заедница во Јужно-Африканската Република изразува целосна поддршка на претседателот на Република Македонија проф.д-р Ѓорге Иванов и на движењето “За заедничка Македонија“ - рече координторот на Светскиот Македонски Конгрес за Јужно-Африканската Република и претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Африка, Саша Петков.

Македонската заедница во Јужно-Африканската Република отфрла двојазичност, туку Македонскиот јазик за еден и единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи.

17858557 1415152641892604 465918487 o

17858888 1415152631892605 1044564102 o