Недела, 14 Февруари 2010    Печати
ВМРО-ДП: Кој има интерес да ги промовира глупостите на Тачи
Кој има интерес да ги промовира глупостите на Тачи и од малоумните закани да прави централно прашање на дневната политика, запрашаа од ВМРО-ДП.

Владимир Голубовски
Владимир Голубовски, Претседател на ВМРО-ДП
Мендух Тачи, гостувајќи на Канал 5 телевизија отворено повика на војна, на прекројување на граници, се закани со нови договори, се закани со агресија од Албанија и Косово, вели ќе паднеле преку ноќ двете граници, дека Македонија нема друга иднина освен да биде двонационална држава, бара вертикална употреба на албанскиот јазик, дводомен парламент, посочуваат од ВМРО-ДП.

Пред камерите тој изјави дека не ги сака Македонците, не е лојален, не ја сака Македонија.

Потоа, експресно од Тирана порача дека неговата партија и Албанците во Македонија се подготвени да формираат сеалбанска коалициона влада во Република Македонија.

Ова се изјави на човекот кој припадниците на ОНА пред и за време на конфликтот 2001 ги наречуваше криминалци и авантуристи, велат од ВМРО-ДП.

Од ВМРО-ДП бараат Јавниот обвинител да постапи според своите уставни и законски надлежности и обврски.

ВМРО-ДП смета дека Тачи мора пред институциите на системот да ги објасни повиците за војна и за редефинирање на државата.

Според ВМРО-ДП тврдењето на Абедин Зумбери, кој не е психијатар, туку бивш командант на ОНА, во весникот Шпиц, дека “секогаш кога Тачи е во опозиција дава глупави и луди изјави“, и кој експлицитно дијагностицира зашто “Тачи не заслужува да биде во политиката“ не може да го амнестира од таква одговорност.

"Тачи за ваквата реторика, со која веќе подолго време директно заговара уривање на уставниот поредок на Македонија, и притоа разгорува верска и меѓуетничка омраза, мора да биде биде санкциониран според КЗ на Република Македонија, а ДПА според Законот за политички партии да биде избришана од регистерот на политичките партии" додаваат од ВМРО-ДП.

Но, дали само Тачи треба да ја понесе одговорноста. Каде е одговорноста на македонската опозиција која во овој случај е ментор, како и на одделни електронски и пишани медиуми кои ги анимираат ваквите малоумни закани, ги промовираат глупостите на Тачи и ги прават централно прашање на дневната политика, за потоа врз истото прашање да се прикачат сите оние кои притискаат да попуштиме за името.

Политичките претставници на албанското малцинство мораат да знаат дека “стрвинарската“ политика не е добра инвестиција за одржлив соживот на малцинствата со македонскиот народ. Тие исто така мораат да бидат свесни дека нивното учество во заговорот против Македонија, на крај ќе биде казнето, велат од ВМРО-ДП.

(Нетпрес)