Среда, 12 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
МАМО ЈАС НЕ САКАМ ДА УМРАМ, ТАТО ЈАС ВЕЧНО ОВДЕ ЌЕ ЖИВЕАМ...

17910911 1419322864808915 1103773192 nДенес е ден за помен и спомен на грозоморно убиените кај Смилковското езерце, местото на грозоморното убиство...

Пред пет години, на 12 април 2012 година, на ден Велики Четврток, се изврши грозоморно петкратно убиство на Филип Славковски (20), Александар Накевски (18), Цветанчо Ацевски (19) и Кире Тричковски (21) од Радишани и Борче Стевковски (45) од Црешево.

Општина Гази Баба и добронамерници, на местото на грозоморното убиство изградија црква “Светите Четириесет Маченици - Младенци“ и поставија два обелиска кои вечно ќе го означуваат местото и (с)поменот за убиените...

На местото на злосторството се родителите на убиените деца... Скршени од болка по чедата, со револт од немоќта за пресуда на злосторниците...

Ги знаеме, ама штета што тие што треба да кажат занемеа... секогаш гласно коментираат татковците...

Низ солзи мајките велат, ги закопавме со отворени очи од кои до в гроб солзи им течеа...

Не се забораваат и родителите на Борче Стевковски, за жал, заради годините, од здравствени причини дома приклештени, но, со тагата и болката по чедото кое го нема...

Смилковското езерце денес е покриено со молк и тага...

Под сонцето е само тишината до Христово Воскресение и јадот за децата што веќе ги нема...

Над водите на Смилковското езерце вечно ќе одекнува: Мамо јас не сакам да умрам, тато јас вечно овде ќе живеам...

Истрагата се уште е во тек, ама секое политичко убиство нема правна разврска... За жал...

Остана црквата “Светите Четириесет Маченици - Младенци“ како (с)помен за едно болно минато... Било, да не се повтори...

Вечна им слава и памјат...

Пишува Тодор ПЕТРОВ

 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.