Среда, 12 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
КАКО СЕ КОНСТИТУИРА СОБРАНИЕТО...

isНа 11 и 25 декември 2016 година се одржаа долго најавуваните и со странски мешетари договарани вонредни парламентарни избори. Македонските државјани во шесте изборни единици во Републиката избраа 120 пратеници. Македонските државјани во странство во седмата изборна единица, за жал, не го исполнија законскиот цензус утврден во Изборниот законик и останаа без тројца пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата доби 51 пратеници, СДСМ со коалицијата доби 49 пратеници, ДУИ доби 10 пратеници, БЕСА доби 5 пратеници, Алијанса за Албанците доби 3 пратеници и ДПА доби 2 пратеници.

Во членот 63 ставот 1 од Уставот е утврдено дека: “Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.“

Во членот 63 став 2, пак, од Уставот е утврдено: “Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.“

Конституирањето на Собранието е уредено во Глава II од Деловникот на Собранието. Во членот 9 од Деловникот се вели: “Доколку првата седница на Собранието не ја свика претседателот на заминување, седницата се одржува на дваесет и првиот ден од завршувањето на изборите, во 10.00 часот, а ја свикува најстариот по години пратеник, ако и тој одбие да ја свика, тоа право преминува редоследно на наредниот по години избран пратеник, се’ до избраниот пратеник кој ќе се согласи да ја свика првата седница. Пратеникот кој ја свикал првата седница, претседава со седницата на Собранието (во натамошниот текст: претседавач), додека новоизбраниот претседател или еден од потпретседателите не ја преземе должноста.“

Дневниот ред на конститутивна седница на Собранието е уреден со Деловникот на Собранието и, по правило, е: Прва точка, Избор на Верификационата комисија, Втора точка, Верификација на мандатите на пратениците, Трета точка, Избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, и Четврта точка, Избор на претседател на Собранието. Конституирањето на Собранието започнува и завршува со верификацијата на мандатите на пратениците.

Првата седница на Собранието ја свика претседателот на Собранието од претходниот состав, Трајко Вељаноски. Собранието се конституира на 30 декември 2016 година. Првата и втората точка од конститутивната седница завршија на 30 декември 2016 година. Собранието се конституира со верификацијата на мандатите на пратениците и продолжи со работа по третата точка на 27 март, по неа расправата ја водеше на 28, 29, 30 и 31 март, како и на 3, 4, 5, 6, 10 и 11 април. Поради големиот број на пријавени говорници, неизвесно е кога ќе заврши расправата по третата точка за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Во согласност со членот 22 став 1 од Деловникот на Собранието “Кандидат за претседател на Собранието може да предлага Комисијата за прашања на изборите и именувањата или најмалку 20 пратеници.“

Во меѓувреме, за претседател на Собранието од најмалку 20 пратеници предложен е пратеникот Талат Џафери од ДУИ со поддршка на пратениците од СДСМ со коалицијата и Алијанса за Албанците.

За да ја елиминира неизвесноста од крајот на претресот по третата точка од дневниот ред, пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски побара, врз основа на членот 78 став 2 од Деловникот, без претрес, Собранието да одлучи за измени во редоследот на претресот по точките од дневниот ред, односно, да ја продолжи работата по четвратата точка “Избор на претседател на Собранието“, а расправата по третата точка да следи по изборот на претседателот на Собранието. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, побараа да се почитува членот 80 став 2 од Деловникот “Претресот да трае додека не се исцрпи листата на пратеници кои се пријавиле за збор“ по третата точка од дневниот ред.

Се поставува прашањето: Како треба да постапи Собранието за текот на конститутивната седница, дали по членот 78 став 2 или по членот 80 став 2 од Деловникот и дали претседавачот Трајко Вељаноски го крши Деловникот, затоа што не постапува по барањето на пратеникот Оливер Спасовски?

За волја на вистината, за конститутивната седница на Собранието релевантен е само членот 80 став 2, не затоа што во текот на друга седница не може да се измени редоследот на претресот по точките од дневниот ред, заради итност и важност, туку поради членот 22 став 1 од Деловникот во кој многу децидно е утврдено дека “Кандидат за претседател на Собранието може да предлага Комисијата за прашања на изборите и именувањата или најмалку 20 пратеници.“ А, тоа значи, МОРА прво да се избере Комисијата за прашања на изборите и именувањата, затоа што и таа, покрај најмалку 20 пратеници, има право да предложи кандидат за претседател на Собранието! Односно, МОРА да заврши изборот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, па потоа да продолжи конститутивната седница со наредната точка од дневниот ред, односно да се изврши изборот на претседателот на Собранието! А, изборот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе се изврши тогаш кога ќе заврши претресот, затоа што претседавачот мора да го почитува правото на говор на пратениците што е уредено со членовите 84-91 од Деловникот.

Откако ќе заврши изборот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Собранието прави пауза и заседава Комисијата која, исто така, може да предложи претседател на Собранието.

Се шпекулира дека пратениците на СДСМ, ДУИ, БЕСА, Алијанса за Албанците и ДПА може да одржат седница во друга сала, без да им дозволат влез или без да ги поканат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и да извршат избор на претседател на Собранието, кој треба да седне на спикерското столче место претседавачот Трајко Вељаноски. Меѓутоа, тоа претставува грубо кршење на Уставот, затоа што позицијата на Трајко Вељаноски како претседавач со контитутивната седница е утврдена со членот 63 став 1 од Уставот! Истовремено, само претседавачот Трајко Вељаноски ја потпишува одлуката за избор на претседател на Собранието и никој друг!

Било каков обид за избор на претседател на Собранието надвор од горенаведената процедура е грубо кршење на Уставот и без правно дејство! Така “избран“ претседател на Собранието нема да биде прифатен од претседателот на Републиката, ниту тој, ниту евентуално неговите дописи до претседателот на Републиката!

Тој состав на Собранието, не може да избира Влада без мандат од претседателот на Републиката во согласност со членот 90 од Уставот! “Изборот“ на таква Влада ќе биде грубо кршење на Уставот и без правно дејство. Владата која е на должност до изборот на нова Влада, нема да им ги отстапи министерствата на тие “новоизбрани премиер и министри“, со сите инструменти на правната држава ќе ги штити Уставот и законите, односно уставноста и законитоста и нема да дозволи смена на “премиерот и министрите кои ја вршат должноста на Влада до изборот на нова Влада“ во согласност со Уставот!

Оттука, отпаѓаат сите обиди за насилна смена на претседавачот Трајко Вељаноски, додека не заврши третата, па четвртата точка од дневниот ред на конститутивната седница на Собранието.

За одржувањето на редот на конститутивната седница се грижи претседавачот на Собранието, под негова наредба е Службата за одржување на редот во Собранието и Стручната служба на Собранието, претседавачот го применува Деловникот и дава појаснување во врска со неговата примена додека трае конститутивната седница, претседавачот на Собранието ги врши сите работи на претседател на Собранието утврдени со Деловникот на Собранието!

Во случајов не е потребна никаква непромислена авантура на пратениците надвор од со Уставот и Деловникот утврдената процедура за работа на Собранието и неговата конститутивна седница! Одговорноста е на оној што ќе ги прекрши Уставот и Деловникот, а тоа по Кривичниот законик претставува кривично дело злоупотреба на службената должност и овластувања и кривично дело самовластие!

Тодор ПЕТРОВ

 

На прво место

News image

ПОМЕН ЗА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ 1929-1998-2017

По повод 88 од раѓањето и 19 години од смртта, денес на гробот на Драган Богдановски на градските гр...

Историја

News image

Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанскит...

Иселеници

News image

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Сла...

Култура и туризам

News image

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера к...

Фељтон

News image

Академикот Божин Павловски – писател и информатор во Австралија (8)

Божин Павловски, е еден од најплодните и најпознатите македонски писатели кој пове...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.