Среда, 12 Април 2017    Печати
ПРИНЦЕЗА ОД ТОСКАНА ХЕРТА МАРГАРЕТ ХАБЗБУРГ ЛОТРИНГЕН ПРОГЛАСЕНА ЗА МАКЕДОНСКИ СЕНАТОР

princezaСВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

АВСТРИСКАТА НАДВОЈВОТКА И ПРИНЦЕЗА ОД ТОСКАНА ХЕРТА МАРГАРЕТ ХАБЗБУРГ ЛОТРИНГЕН ПРОГЛАСЕНА ЗА МАКЕДОНСКИ СЕНАТОР

11 април 2017 година, Скопје, Македонија

- Неделава што измина во Македонија престојуваа Нејзиното Царско и Кралско Височество Херта Маргарете фон Хабзбург Лотринген, Надвојвотка на Австрија и Принцеза од Тоскана, со нејзиниот сопруг Неговото Царско и Кралско Височество Шандор Хабзбург Лотринген и нивните соработници Вивиен Росе од Австрија, Роланд Бејер од Германија и Фестина Мустафа од Косово.

Принцезата Херта и Принцот Шандор се основачи на меѓународната фондација “Пламен на мирот“ со седиште во Виена, со ограноци во околу 70 држави во светот.

Нивната посета во Македонија беше во рамките на промоција на регистрацијата на Хуманитарното здружение “Пламен на мирот“ како огранок на Фондацијата “Пламен на мирот“ во Македонија, чиј претседател е Никола Блајбершник од Битола.

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров на Принцезата Херта и’ го додели највисокото семакедонско признание почесната титула “Македонски сенатор“ во знак на продлабочување на македонско-австриското пријателство и соработка, и унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Австрија.

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров ги запозна гостите со историјата на организацијата, положбата и правата на Македонците на Балканот и во светот и за актуелната политичка состојба во Македонија.

Принцезата Херта изрази благодарност за вниманието од Светскиот Македонски Конгрес и изрази надеж дека ќе ја оправда довербата со заеднички проекти и соработка меѓу Фондацијата “Пламен на мирот“ и Светскиот Македонски Конгрес.

Фотографија на Todor Petrov.
Фотографија на Todor Petrov.
Фотографија на Todor Petrov.