Сабота, 15 Април 2017    Печати
ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО, ДА ОСТАНЕМЕ ЕДИНСТВЕНИ И ОБЕДИНЕТИ ЗА МАКЕДОНИЈА!

Grb 3СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО, ДА ОСТАНЕМЕ ЕДИНСТВЕНИ И ОБЕДИНЕТИ ЗА МАКЕДОНИЈА!

15 април 2017 година, Скопје, Македонија

- Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честитки до Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, митрополитите, епископите, свештениците, монасите и монахињите на Македонската Црква, до сите православни во Македонија и до православните Македонци во сите делови на Македонија и во светот, по повод големиот христијански празник Воскресението Христово - Велигден.

Нека воскресението Христово ја врати самопочитта, самодовербата, храброста, единството и достоинството на Македонците!

Светскиот Македонски Конгрес повикува на семакедонско помирување и обединување меѓу Македонците во сите делови на Македонија и во целиот свет, со вера во Бога и со љубов за Македонија!

Оплакувајќи ги страдањата на распетието Христово, во очекување на радосната вест за Неговото воскресение, достојно да се потсетиме на окупација врз Македонија и геноцидот врз Македонците од Балканските војни 1912-1913 година и единствени и обединети да ги одбраниме државното име Македонија и идентитетот на нацијата Македонска и јазикот Македонски!

Сакајте се и сакајте ја Македонија, затоа што со сите разлики меѓу нас, само таа е нашиот единствен заеднички именител, самот аа е нашиот единствен заеднички содржател! Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Сите Македонци еден за друг! All Macedonians for one another! Амин! Амин! Амин!

Христ Воскресе! Навистина Воскресе!