Среда, 19 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
Во Балканската федерација Македонија со Пирин и Солун

pirin-solun-180Во еден од милионите документи на ЦИА се наоѓа и еден интересен документ од 5 јуни 1947 година насловен како „Македонија и Балканската федерација". Во овој документ пишува дека Бугарската комунистичка партија се согласила да го даде пиринскиот регион на Македонија, ако лидер на новата Балканска федерација биде Ѓорги Димитров, а не Јосип Броз Тито.

pirin-solun

РЕШЕНИЕ ЗА БАЛКАНСКИТЕ ПРОБЛЕМИ

Во документ на ЦИА од 1947: Во Балканската федерација Македонија со Пирин и Солун.

Во еден од милионите документи на ЦИА се наоѓа и еден интересен документ од 5 јуни 1947 година насловен како „Македонија и Балканската федерација". Во овој документ пишува дека Бугарската комунистичка партија се согласила да го даде пиринскиот регион на Македонија, ако лидер на новата Балканска федерација биде Ѓорги Димитров, а не Јосип Броз Тито.

Според овој документ политбирото на Бугарската комунистичка партија во 1947 година било подготвено на Македонија да му го отстапи пиринскиот регион како дел од решенијата за балканските проблеми. Како отстапка за ова, Бугарија сакаше да добие излез на Егејско море заедно со дел од грчко-бугарската граница, Македонија да го добие Солун, а лидерот на нивната партија, Ѓорги Димитров, а не Маршалот Тито (лидерот на Комунистичката партија на Југославија) да ја води Балканската федерација.

Бугарските комунисти како вовед за ова предложиле и договор за царинска и монетарна унија и блиска економска, културна, воена и политичка соработка.

pirin-solun-2

Во овој документ се споменува и Стела Благоева која во Москва требала го презентира овој предлог. Тука се и имињата на Христо Калајџиев и Владимир Поптомов, претставници на политбирото на БКП, кои имале специјални одговорности во врска со прашањето за Балканската федерација. Се споменува и некаква тајна средба со Никос Захариадис, водач на грчките комунисти во тоа време со лидерот на албанските комунисти на Кајмакчалан.

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) неодамна објави околу 13 милиони страници од нивните документи кои веќе не се доверливи и се достапни за јавноста.

pirin-solun-3
Димитров и Тито

Идејата за Балканска федерација се споменува уште кон крајот на 19 век. Таа идеја беше секогаш меѓу прогресивните политички мислители од регионот. На 15 јануари 1942 година договор за ваква федерација потпишале кралевите на Грција и Југославија. Основниот принцип на договорот е „Балканот на балканските народи“, меѓу кои, тогаш воопшто не се споменува македонскиот народ. Кралот на Хелените, Георги Втори, и кралот на Југославија, Петар Втори Kараѓорѓевиќ, тогаш се наоѓаат во егзил во Kаиро, одржуваат говори по повод потпишувањето на договорот и изразуваат надеж дека федерацијата ќе им обезбеди „среќа и просперитет на народите на полуостровот“.

Во активностите за формирањето на грчко-југословенската федерација без Македонија, тогаш се разгледувала и варијантата за приклучување кон федерацијата и на Романија, Албанија и Бугарија, како противтежа на руското влијание на Балканот.

По Втората светска војна комунистите ја преземаат оваа идеја за обединување на балканските држави и почнуваат да ја актуелизираат како едно од можните решенија за горливите балкански прашања. 

МКД

 

На прво место

News image

Напад на македонската култура и традиција

Колумна на Џејсон Мико: Напад на македонската култура и традиција

Историја

News image

На пловниот џин кој потонал со Титаник на 14 април 1912г имало и Македонци

Првото и последно патување на Аце Малинкоски за Америка завршило во “сините гробишта”

Иселеници

News image

Велика Британија – земјата на минатото и на иднината (1)

Голем е предизвикот да се патува за Велика Британија, земј...

Култура и туризам

News image

Стибера

Градот Стибера се наоѓал на ритчето "Бедем" кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Фељтон

News image

Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот С...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.