Среда, 19 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
ПОЖАРАНСКИТЕ ВОДОПАДИ

Длабоко долу,  во живописниот кањон на Пожаранска Река , тишината царува. Само шумолењето на листовите од гранките, повремената песна на планинските птици и татнежот на водопадите ја нарушува ваквата идила.

Вистината за постоењето на овие водопади е многу малку позната но сепак реална, затоа како што и ветивме, тргнавме кон едно ново патешествие - патот кој води до  Пожарански водопади наречени „БИСЕРИ“.  

 pozaranski-vodopadi-1

Местоположбата на водопадите

Иако, до овие водопади може да се пристигне од неколку приоди, се одлучивме да тргнемe по најнепристапниот и за нас неизвесен пат кој што од селото, преку месноста „Лички Камен“ . потоа „Солишта“, „Чедроњивjе“ „Булина Чешма“  „Леништа“ и карпестиот дел на „Репуше“ , води до самото место.
Патеката по која се движевме и која на самиот нејзин почеток беше широка и проодна дури за теренско возило,  при влезот во месноста „Леништа“ едноставно престана да постои односно исчезна од пред нас. Затоа, натамошното движење кон целта се покажа како голем предизвик за нас. 

 pozaranski-vodopadi-2

Се движевме по сув терен со бујна вегетација, на моменти се среќававме со непроодни места што мораше да бидат заобиколени, но по некое време, спуштајќи се по стрмната и густа шума во која се чинеше дека одамна никој не поминал, успеавме да истераме до доле, до самиот кањон на реката. Се протнувавме низ гранки, корење, трње, почва што пропаѓаше со секој следен чекор. На крајот, некако успеавме да се пробиеме и до самото подножје на Пожаранските водопади.

 pozaranski-vodopadi-3

Пејсажи од речниот кањон и воедните каскади

Желбата да се видат водопадите од нивната непосредна близина од нашите тела го потиснуваше заморот кој веќе не имаше обземено и беше повеќе од очигледен.
По краткиот одмор направен покрај еден од живописните слапови на реката, продолживме да се движиме нагоре, по нејзиното течение , од левата страна на речното корито. После околу два часа севкупно напорно одење, пред нас  се појавија најнапред двата помали, а потоа и големиот Пожарански водопад , од која глетка за момент и здивот застанува... Едноставно занемувате пред убавината што се отвара, што се нуди пред вашите очи.

 pozaranski-vodopadi-4

ГОЛЕМИОТ БИСЕР

 Неговата височина изнесува околу 15 м, и како таков е најгомем по течението на оваа река. Водата на овој водопад, која вртоглаво паѓа по каменото корито, во подножјето силно удира на една камена плоча, од која се распрснуваат билиони водени капки правејќи водена завеса. Тука, во завесата од водената прашина на водопадот, температурата е околу дваесетина Целзиусови степени, па можете слободно да се разладите па дури и избањате .   

Инаку водопадот е тешко пристапен и се наоѓа во густа букова шума, што заедно со бистрата речна вода која се прелева кон околината му дава посебна убавина. На педесетина метри надолу по течението на реката, распоредени во низа со височина од 3 до 5 метри има уште два помали водопади кои го надополнуваат амбиентот. Секој од нив има сопствена убавина по која се одликува.

 pozaranski-vodopadi-5

СРЕДНИОТ БИСЕР

 pozaranski-vodopadi-6

МАЛИОТ БИСЕР

 На ова место,  долината на Пожаранска Река е тесна и скоро вертикална со изглед на мал кањон. Oд лево и десно  високи карпи до триесетина метри, со појава на огромни карпести блокови, настанати со механичко распаѓање. Сето ова, надополнето со свежата и пријатна клима, чистиот воздух, зеленилото и бујната вегетација, прават посетата на овој простор да биде особено и неповторливо доживување кое долго ќе се памети како и  интересна рута за планинарење.

Оваа убавина може да се доживее само доколку се види од близу и никако поинаку“, беше коментарот на еден од моите соговорници.  Тука, зборовите не се потребни, тие можат само да и наштетат на убавината. „Мора да се направат напори до овој водопад де се пробие односно направи безбедна пешачка патека како би можело полесно да се стигне до самиот водопад“- прокоментира вториот мој соговорник. Вака, водопадот би останал далеку од очите на јавноста, кое нешто би преставувало огромна штета како за сите љубители на прородните убавини така и за село Пожаране кое го нуди сето тоа.
По измнинатите повеќе од еден час на одмор и другарување со водопадите на Пожаранска Река, го напуштивме ова место, овој пат движејќи се по една многу полесна патека која се протега низводно, долж течението на реката  од нејзината десна страна, при тоа движејќи  се така се до Пожаранската стара воденица, а од таму продоживме да се движите по широкиот земјен пат кој многу полесно и побезбедно ќе Ве  одведе право до село Пожаране.

До скорото јавување од некоја друга атрактивна локација на ова село, читателите на овој блог топло и искрено ги поздравуваме.

Боге Војноски-автор на текстот

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.