Среда, 19 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
СЕМАКЕДОНСКИ СОБИР ЗА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА НА 23 АПРИЛ ВО СИДНЕЈ!

sidnejВо организација на Светскиот Македонски Конгрес - Австралија со Културно-уметничкото друштво ИЛИНДЕН од Сиднеј и македонските организации во Нов Јужен Велс, на 23 април 2017 година, недела, со почеток од 11.30 часот до 14.00 часот во Tumbalong Park, DARLING HARBOUR во Сиднеј, ќе се одржи Семакедонски собир за заедничка и унитарна Македонија!

Семакедонскиот собир ќе изрази силна поддршка на претседателот на Републиката проф.д-р Ѓорге Иванов.

Семакедонскиот собир ќе ја осуди таканаречената “тиранска платформа“ за бинационална и двојазична држава!

Македонците во Австралија сметаат дека само Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо треба да биде еден и единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи.

Семакедонскиот собир ќе даде силна поддршка за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците во Австралија бараат крај на разговорите за разликата за името Македонија со Владата во Атина и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државниото име Македонија со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југозападна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик, туку на Англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД, и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година кој се’ уште трае!

Македонците во Австралија се приклучуваат на движењето “За заедничка Македонија“ и ја поддржуваат унитарноста и државноста на Македонија!

Македонците во Австралија ги отфрлаат во целост редефинирањето, кантонизацијата, федерализацијата на нивната татковина Македонија!

Македонците во Австралија отфрлаат промена на името, знамето, грбот и химната според “тиранската палтформа“!

Макаедонците во Австралија бараат попис на населението!

Македонците во Австралија повикуваат на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, затоа што силата е во единството!

- Очекуваме масовно присуство и силна поддршка од Македонците во Австралија за татковината Македонија и за Македонскиот народ во целина! Нашите корени се во Македонија, повикуваме на семакедонско помирување и обединување и одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, одбрана на унитарноста и државноста на Македонија - изјави Џим Стефановски, национален ко-претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Австралија и претседател на СМК за Нов Јужен Велс.

Повеќе информации може да се добијат кај Џош Шерман на 0404 493 363 и кај Стефан Каранфиловски на 0404 159 928.

 

На прво место

News image

СОБИР ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА во Сиднеј-Австралија

Минатат недела во Сиднеј, на 23 април, успешно се одржа мировниот протест за заедничка и унитарна Ма...

Историја

News image

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно. Ванчо излезе и беше убиен уште во 10 и ...

Иселеници

News image

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на Канада

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на К...

Култура и туризам

News image

ФИЛМОТ И ТЕАТАРОТ СЕ ДЕЛ ОД МОЈОТ ЖИВОТ

Зорaн Гулабоски е роден во Волонгонг (Нов Јужен Велс) и ја започна својата глумачка кариера во родни...

Фељтон

News image

Христијанството кај Македонците во светот во делото „Македонски иселенички меридијани“ (1)

По повеќегодишна макотрпна работа излезе од печат обемното дело „Македонски иселенич...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.