Недела, 30 Април 2017    Печати
Иванов е единствената легитимна институција во земјата

Ivanov 2Бугарски аналитичари: Иванов е единствената легитимна институција во земјата

Бугарските аналитичари ја коментираат ситуацијата во Македонија, оценувајки дека инцидентите кои се случија во Собранието биле сосема очекувани. Новинарот Љубчо Нешков за бугарската државна телевизија излезот од кризата го гледа во дијалог мегу двете најголеми политички партии.

- Според мене е нормално, во крајна ситуација Иванов е единствената легитимна институција во земјата. Вие не можете уште утре да кажете дека го сакате мандатот од претседателот за да управувате со земјата, а потоа да кажувате дека нема да учествувате, тој е нелегитимен, тој е партиски итн. Не може на тој начин да се води политика, а вие да имате желба да ја водите земјата. Логично е после она што се случи во Собранието и фала му на Бога има само повредени, а не убиени, треба да започне вистински дијалог, а не двете партии, двајцата лидери да зборувааѕ помеѓу себе, вели Нешков.

За бугарските аналитичари македонската криза е и регионален проблем.

За состојбата во Македонија бугарските аналитичари но и политичари најмногу ја обвинуваат ЕУ и НАТО кои ја оставија земјата во вакум, без перспектива за интеграција.

Сител